1 Зајакнување на заедницата
1.4 Градење на капацитетот на заедницата
Терминот капацитет значи организациски и технички способности, врски и
вреднувања кои и овозможуваат на групата и на поединците да ги извршуваат
своите функции и да ги развијат своите зацртани цели со тек на времето.
Со градењето на капацитетот 5 , способностите на една организација се
подобруваат и се постигнува ефективна работа, менаџирање за ресурси
и пружање услуги на трансродните лица, исто така и постигнување на
сите мисии кои се од суштинско значење за организацијата. Градењето
на капацитетот е исто така од суштинско значење за зајакнувањето на
заедницата.
Рамка 1.5
Елементи на организацискиот капацитет
• Назначени цели – визија, вредности, политики, стратегии и интереси
• Напори – желба, енергија, концентрација, работна етика, успешност
• Способности – интелигенција, вештини и знаење
• Ресурси – човечки, природни, технолошки, културни и финансиски
• Работна организација – планирање, проектирање, секвензионирање и мобилизирање на
дебати и практични работи
Организациите водени од некоја заедница секогаш се соочуваат со
потешкотии при развивањето и одржувањето. Стабилна организација во
транс заедницата може да има добро разбирање за нивните потреби и да
е во можност да ги води и поддржува во тек на градењето на капацитетот и
на другите организации од заедницата. Поновите организациите најчесто
имаат потреба од упатства и помош од постарите и поискусни организации
како и веќе постоечки работни групи кои што се експерти за градење на
капацитетот.
Градењето на капацитетите на транс организациите мора да биде
практично. Организациите можат да помогнат во зајакнување и подршка
на напори што ги прават трансродните лица во врска со некои проекти,
наоѓање на ресурси за финансирање, годишни буџети, поврзување со
другите организации за состанови и слично.
Следниве пристапи можат да бидат од голема помош:
• Сеопфатен пристап: Целосно да се идентификуваат потребите
за градење на капацитет на организацијата и нивно решавање на
систематски начин, а развојот на организацијата да оди активно
• Контекстуализирање и прилагодување: Пружената помош треба да
смета културни, правни, политички и општествени начини за помагање на
трансродните заедници, особено во врска со изразувањето на родовиот
идентитет
5. Иако тука се користи терминот градење на капацитет, термините „развој на капацитетот“,
„организациски развој“ и бројни други термини можат да послужат подеднакво добро.
34