My first Publication TRANSIT tool | Page 34

1 Зајакнување на заедницата • Програмирањето, било да е развиено од други организации или од трансродни, секогаш треба да се однесува на потребите на членовите од заедницата. Организациите што се стремат за развивање и подобрување на програмите водени од трансродните лица, прво треба да направат едно добро истражување и да ги согледаат потребите на засегнатите лица и да одредат кои потреби се најитни за решавање. Мора да постои голема флексибилност и прилагодување во спроведувањето на програмите, а интервенциите секогаш треба да се поврзани само со потребите на трансродните лица. Како што се менуваат нивните потреби, така треба и начините на спроведување да се менуваат. Рамка 1.4 Пример на случај: Учество во проценката на потребите на заедницата во Кина Chengdu Tongle, основана во 2002 година, нуди услуги за ХИВ тестирање, културни активности и застапување за ЛГБТ прашањата во врска со здравствената грижа во Chengdu регионот. Поради тоа што потребите на трансродната заедница се разликуваат од оние на мажите што имаат сексуални односи со мажи, организацијата присвои три стратегии вклучувајќи ги трансродните лица како лидери и примарни учесници: 1) спроведување на истражување за учество; 2) подобрување на капацитетот на организацијата; 3) застапување со владата за решавање на проблемите Chendu Tongle има спроведено проценка со учество на околу 60 трансродни лица, за да ги разбере нивните потреби, очекувања и барања. Интервјуата лице-во-лице и дискусиите со фокусирани групи овозможиле да се добие една сеопфатна слика за предизвиците со кои се соочуваат трансродните лица. Овој процес довел до зајакнување на трансродните заедници и до создавање на првата органзиација на Chengdu Tongle, NEW BEAUTY. Првите мисии, цели, работни планови и програми на организацијата биле развиени од страна на транс активисти, со помош на Chengdu, кој финански ја помага организацијата поради тоа што владата во Кина не ја признала New Beauty како легална и независна организација. Но сепак, оваа органзиација продолжува да ги бара потребите на трансродните лица и се стреми за нивно решавање, а исто така се залага и за нивното здравје и нивно вклучување во стратегиите за превенција на ХИВ инфекции. Извор: Предавања од прва рака: правата и здравјето на трансродните лица. Њу Јорк, amfAR & GATE. http://amfar.org/frontlines 33