1 Зајакнување на заедницата
• Организациите треба да сфатат како структурната нееднаквост може
да влијае врз одредени сегменти од транс заедницата – како што се
формалната едукација, привилегирана расна или етичка позадина
или социо-економски статус – и да се осигура дека тие што работат на
програмот се всушност и најмаргинализирани. Многу е важно да не се
гледа нивото на образование или способностите за говорење кога се
одлучува дали некој ќе се стави како лидер. Туку, овие лица треба да се
поддржат и да им се овозможи да стекнат што е можно повеќе искуство
и да напредуваат на оние полиња на кои имаат недостатоци.
• Програмите водени од трансродните лица треба да овозможат фер и
соодветна компензација. Ова бара посветено работење од страна на
финансерите и родителските агенции и може од трансродните лица да
бараат да направат некакво истражување или теренска работа.
Рамка 1.3
Пример на случај: Лидерство на трансродните лица
и правична (фер) компензација
Едни од најинформативните научни проекти за спречување на проблемите на трансродните
лица, примарно се водени од трансродно-специфични организации, кои биле платени за
нивната работа. Еден пример од САД од NTDS: била спроведена анкета на меѓународно
ниво од страна на Меѓународниот центар за трансексуална еднаквост и од страна на
Меѓународната Геј и Лезбејска работна група во 2008-9 година. Истражувачкиот тим на
NTDS за оваа анкета вклучувал научници, истражувачи и адвокати за трансродни движења,
кои ја изработиле оваа анкета заедно. Иако повеќето одговори биле добиени онлајн,
неколку доброволци биле платени за да ги однесат испечатените форми на анкетите
до лицата кои се тешко достапни или немаат можност тоа да го пополнат на интернет.
На локално ниво, Проценката на потребите на трансродните лица Вашингтон ДЦ
спроведена во 1999-2000 и 2010-11 година од страна на ДЦ транс коалицијата испадна
многу корисна, така што неакадемските трансродни лица исто така можеле да се вклучат
во истражувањата и донесувањето на одлуките. Првичните истражувачи за анкетниот
лист биле трансродни лица и тие биле обучени и платени за таа работа. Не само што
низ овие анкети трансродните лица се зајакнати и стекнати со искуство, туку и нивното
време и напор се многу почитувани, а и тие самите стекнале многу самодоверба за
да работат понатаму. WWW.TRANSEQUALITY.ORG
-
WWW.DCTRANSCOALITION.ORG
• За застапување и поддржување на лидерството на трансродните
лица, треба да се води грижа да се испочитуваат сите различности
во трансродната заедница. Постојат повеќе начини како родовиот
идентитет и изразувањето се нарекуваат во локалната терминологија
и секој од овие термини има свое значење и потекло. Дури и помеѓу
трансродните лица во некоја земја или регион, термините кои што
ги користат самите лица за да се опишат себеси (kathoey во Тајланд)
можат да се сметаат како навредливи од страна на други трансродни
лица. Затоа, многу е важно програмите да не ги пишуваат пред време
термините, туку прво да се консултираат со трансродните лица за
прифатливи термини.
32