1 Зајакнување на заедницата
Рамка 1.2
Пример на случај: Соработка за решавање на потребите
на трансродните и хиџра заедниците во Индија
Во Индија, трансродните жени и хиџрите 4 често се предмет на дискриминација, слаб
пристап до едукација и ограничени или немаат никакви можности за вработување.
Нивните проблеми најчесто не биле никогаш решавани, главно поради тоа што немаат
каде да дискутираат за нив или да се пожалат. Во 2009 година, Развојниот прогам на
Обединетите нации поддржа шест регионални консултанти за транс и хиџра популациите
во Индија, проследени со консултации од меѓународно ниво. Целта беше да им се
помогне на заедниците да соработуваат за решавање на нивните проблеми, и да помогнат
финансирачките организации и владините претставници многу подобро и појасно да ги
разберат нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат, со цел нивно решавање.
Консултантите биле предложени од експерти од транс и хиџра заедниците и персоналот
на UNDP. На регионално ниво, учесниците на овие консултации ги искажаа своите најитни
проблеми како здравје, насилство, стигма и дискриминација, општествена сигурност и
пристап до соодветни информации и услуги. На меѓународно ниво, различните заедници
се запознаваат едни со други. Дадени биле препораки за проблемите на заедницата 5 ,
вклучувајќи ги правните, општествените и политичките права, програми за ХИВ превенција
и мобилизација и зајакнување на заедницата.
Овој процес им дал на транс и хиџра претставниците од различните региони можност да
се запознаат и да работат заедно за прв пат за некоја специфична цел, и зголемување
на нивната самодоверба во искажување на нивните проблеми на пошироката публика,
вклучувајќи ги донациските агенции, владини органи и слично. Оствариле врски со други
NGO, меѓународните организации за контрола на СИДА, донатори, претставници од
Обединетите нации и други многу битни луѓе.
1.3 Поттикнување и поддршка за организациите и
програмите водени од страна на трансродните лица
Организациите водени од трансродните лица и организациите кои
работат со нив треба да развијат начини за поттикнување и поддршка
на лидерството. Ова е од критична важност за постигнување на големо
влијание врз програмите како и зачувување на истражуваните податоци
кои се однесуваат на вистински животни искуства. Особено:
• Донесувањето одлуки треба да биде направено со соработка, а не
хиерархиски (на пр. со концензус) и тоа треба да се направи на некое од
сигурните места, така што трансродните лица нема да бидат во никаква
опасност.
4. Хиџрите се различни социо – религиозни и културни групи во склоп на пошироката транс популација во Индија
кои живеат во затворени кланови познати како gharanas. Хиџрите традиционално даваат благослови или нудат
песни или танцови на свадбени церемонии, во замена за пари, но со промената на социо-економските услови
поголемиот број од нив се приморани да бидат сексуални работници за да преживеат, зголемувајќи ја нивната
ранливост кон ХИВ инфекции и други СПИ.
31