1 Зајакнување на заедницата
и да ги најдат соодветните стратегии за решавање на овие приоритети.
Организациите водени од нив треба да бидат поддржани и почитвани
како партнери од страна на некои органи и здравствените работници,
спроведувачите на закони и социјални услуги. Ова е особено важно кога
програмите се адаптираат од веќе постоечките програми (На пр. програми
за мажи што имаат сексуални односи со други мажи) за да им послужат и
на трансродните заедници (види исто така и Поглавје 4, Секција 4.3.2)
Партнерстово мора да биде изградено и одржано на начин кој што нема
да им штети на трансродните лица. Во секое партнерство мора да се
превземат заштитни мерки за да се обезбеди нивната сигурност. Примери
на посебни заштитни мерки вклучуваат:
• внимателно бирање на сигурна локација за состаноци и други програмски
активности
• заштита на доверливоста на информациите кои би можеле да се искористат
против трансродните лица
• обезбедување на правна писменост и едукација за нивните права
• експлицитни организациски не-дискриминирачки закони и процедури и
нивно активно спроведување
Сите партнери мора да делат одговорност за поддржување на промената
од трансродно деградирање до зајакнување.
Рамка 1.1
Активности за поттикнување на зајакнувањето на
заедницата и соработката
•
Поканување на трансродните лица да го земат лидерство и да го поддржат истото
• Поддржување на значајно вклучување на трансродните лица во сите аспекти на
програмското дизајнирање, спроведување, менаџирање и евалуација
•
Идентификација на капацитетите и вклучување во размена на корисни вештини
• Зајакнување на партнерството помеѓу заедниците, владата, граѓанското општество и
локалните сојузници
•
Решавање на колективните потреби во услови на поддршка
• Обезбедување на парични средства и ресурси директно до организациите на трансродните
лица, кои се самите одговорни за нивна пренамена, активности и слично
•
30
Развивање на индикатори за мерење на напредокот на зајакнувањето и соработката