My first Publication TRANSIT tool | Page 30

1 Зајакнување на заедницата Значајното вклучување на трансродните лица може да биде и предизвик за донесувачите на закони и службите за пружање на услуги кои се повеќе навикнати самите да донесуваат одлуки за некои параметри. Сепак, од клучно значење е да се подобри квалитетот на услугите користени од страна на трансродните лица, вклучувајќи ги и они водени од нив. Табелата 1.1 ги сумира разликите помеѓу програмите што се направени ЗА трансродните лица и оние што се направени ОД СТРАНА НА трансродните лица. Табела 1.1 Карактеристики за пристапот на програмите Направени ЗА трансродните лица Направени ОД СТРАНА НА трансродните лица Нормативен: Програмите се Соработка: Програмите ги слушаат и фокусираат на наредби за тоа одговараат на потребите на трансродните како и што да прават трансродните лица во врска со тоа како и што да се прави. лица. Патернализам: Често сметаат Учество: Се почитува и секогаш се стреми дека знаењето, вештините и моќта знаењето, моќта и вештините да лежат во лежи кај оние што работат на заедницата на трансродни луѓе. програмата, а не кај членовите на заедницата. Toкенизам: Трансродните лица Вклучување: Трансродните лица се вклучени се вклучени во сите програми како рамноправни партнери во изработката на само како волонтери, не како програмот, спроведувањето и евалуацијата, за подеднакви партнери. која што се платени. М а т е р и ј а л н о - о р и е н т и р а н и : Квалитативно – ориентирани: Мониторингот Мониторингот главно се фокусира главно се фокусира на квалитетот, сигурноста, на добрата, пружањето на услугите пристапноста и достапноста на услугите и и целите кои треба да се достигнат. програмите, мешање на заедниците, нивно поврзување како и адекватна покриеност на услугите. Од горе – надолу: Се фокусира Од долу – нагоре: Се фокусира на градење на градење врски главно меѓу врски меѓу заедниците на трансродните лица здравствениот систем и давателите како и меѓу транс луѓето и другите организации, на здравствени услуги. даватели на услуги, институциите за човекови права и слични групи. Во почетните фази на зајакнувањето на заедницата, трансродните лица можат да имаат помалку искуство во организирање на групата. Меѓународните, регионалните и глобалните мрежи на трансродни лица се во можност да пружат важна и техничка помош. Сојузниците исто така имаат важна улога во олеснување на значајното учество на трансродните лица, преку интервенции во нивно име на оние места на кои што тие немаат никакво право на глас. Како што трансродните организации и нивните членови стануваат се позајакнати, постојат поголеми очекувања дека тие ќе ја споделат својата моќ и знаење со останатите трансродни лица или организации водени од нив. Ова претставува многу добра и успешна работа: програмите водени од страна на трансродните лица често пати се многу успешни во приоѓање на другите трансродни заедници и запознавање на нивните потреби. Трансродните лица најдобро знаат како да ги познаат нивните приоритети 29