1 Зајакнување на заедницата
Фигура 1.1 Клучни елементи на зајакнувањето на заедницата помеѓу
трансродните луѓе
Соработка со
заедниците на
трансродните
лица
Мобилизирање
на ресурсите за
одржување
Поддршка за
мобилизација и
одржано
движење на
заедницата
Зајакнување
на
заедницата
Обезбедување
работна рамка
за човековите
права
Поттикнување
на програми
водени од
трансродните
заедници
Градење на
организацискиот
капацитет
Градење
капацитети за
застапување
Спречување
на стигмата
1.2 Соработка со трансродните заедници за развивање
програми
Зајакнувањето на заедницата е процес кој одзема значително време
и напори. Потребна е взаемна доверба со цел да се развие успешна
соработка и партнерство. Градењето на довербата вклучува третирање
на сите трансродни лица со почит, слушање и решавање на нивните
проблеми и работење со заедницата преку целиот процес на развивање и
спроведување на интервенциите.
Значајното вклучување и водење на трансродните лица е важно за да
се воспостави партнерство кое има интегритет и е одржано. Значајно
вклучување во пружањето на услуги и во меѓународните политички процеси
значи дека трансродните лица:
• сами бираат каде ќе учествуваат
• сами бираат на кој начин ќе бидат вклучени во процесот
• сами бираат како ќе бидат претставени, и од стана на кого
• имаат еднаков глас во управувањето на партнерството
28