My first Publication TRANSIT tool | Page 28

1 Зајакнување на заедницата 1.1 Вовед 2014 Консолидирани упатства за клучните популации 1 Програмите треба да вклучуваат сетови на интервенции за подобрување на зајакнувањето на заедницата помеѓу клучните популации. „Ништо за нас, без нас“ е она што го бараат оние кои се погодени и се изложени на најголем ризик од ХИВ во последните две децении. Така е и со трансродните луѓе и зајакнувањето на заедницата. Заедници се група на луѓе кои делат исти интереси, идентитети и мислења. Зајакнувањето се однесува на процесите во кои луѓето добиваат контрола над факторите и одлуките кои го формираат нивниот живот. Во контекст на ХИВ, зајакнувањето на заедницата е процес каде што трансродните луѓе превземаат индивидуална и колективна одговорност за програмите со цел да се стекнат со што е можно повеќе одговори за ХИВ 2 . Зајакнувањето на заедницата се однесува на социјалните, економските, културните, политичките и економските детерминанти на кои е заснована ранливоста на ХИВ и бара градење на партнерство преку секторите што ги спречуваат истите. По дефиниција, зајакнувањето на трансродната заедница е водено од страна насамите трансродните лица и експлицитно се стреми кон создавање на промени. Овој пристап претставува парадигма, далеку од тоа дека трансродните лица се само приматели на услуги. Зајакнувањето на заедницата создава социјално движење каде што заедницата колективно има тренинзи за нивните права, признаени се како авторитет и се подеднакви партнери во планирањето, спроведувањето и мониторинг на здравствените услуги. Ова поглавје претставува неколку клучни елементи за зајакнување на заедницата кои можат да бидат релевантни за трансродните групи (Фигура 1.1). Иницијативите за зајакнувањето на заедницата треба да бидат адаптирани за потребите на секој член од заедницата. Нема некој фиксиран редослед по кој елементите се распоредени. Исто така, трансродните заедници се разликуваат едни од други, а има и разлики во внатрешноста на една заедница. Ова прави да биде неопходно да се обрне внимание на локалните контексти на родовите идентитети и динамичката моќ на трансродните заедници. 1. СЗО. Консолидирано упатство за клучните популации, дијагноза, третман и грижа за клучните популации. Женева: СЗО; 2014 2. Во повеќе контексти во оваа публикација, терминот „заедница“ повеќе се однесува на популации на трансродни жени или мажи, отколку на широко географско, социјално или културно групирање во кое трансродните лица можат да припаѓаат. 27