My first Publication TRANSIT tool | Page 49

1 Зајакнување на заедницата Рамка 1.16 Пример на случај: Зголемување на свеста на клучните засегнати лица во Индија Фестивалот Hijra Habba е меѓународен настан за подигање на свеста во врска со трансродните и хиџра популации. Прв пат бил организиран во 2012 година од страна на ХИВ/СИДА Алијансата со 30 учесници од заедницата, а сега се развил толку што до сега опфатил преку 350 транс и хиџра учесници од целиот свет. Овој настан ги соединува трансродните лица со претставници од владата, медиите, меѓународните агенции и граѓанско општествените организации. Се одржува во главниот град на Индија, Делхи, и вклучува активности како модни ревии, како и можности за искажување на нивните проблеми, искуства, идни планови и слично. Владините претставници се едни од кличните подигнувачи на профилот на хиџра и тран заедниците. Во последните години, на овој настан биле присутни и постарите претставници од Министерството за Социјална правда и Зајакнување, Оддел за контрола на СИДА, како и закондавните агенции. Во тек на реализацијата на овој настан, добиен е многу важен резултат, а тоа е признавање на трансродните лица како „трет род“ од страна на Индискиот Врховен Суд, во 2014 година, Април. Рамка 1.17 Пример на случај: Градење на Алијанси за напредно застапување во Боливија Иако Боливија има поволна правна рамка за еднаквоста на трансродните лица, уште од 2009 година, насилството врз нив сепак продолжило. Како одговор на тоа, мрежата Red Trebol и Meѓународната работна група (MTN) – првите организаци за трансродни лица во Боливија кои застапуваат за нивните права – изготвиле стратешка алијанска помеѓу ЛГБТ организаиите и формирање комитети за развивање на Повеќенационален план за Акции против дискриминацијата врз сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Овој акциски план имал за цел да послужи како предмет за застапување за одбрана на правата на луѓето со различни сексуални ориентации и родови идентитети. Оваа мрежа исто се занимала и со решавање на здравтвените проблеми, со што обезбедила пристап до АРТи хормони, како и учествувањето на трансродните жени во донесување на одлуки кои влијаат врз нивното уживање здравство, образование, еднакви можности и пристап до правда. 48