5 Програмско менаџирање
Рамка 5.4
Спроведување на сеопфатни и интегрирани
услуги предводени од заедницата
Глобалниот фонда за борба против СИДА, туберкулоза и маларија поддржува неколку
трансродни организации за да ги зајакне нивните услуги. Некои од нив имаат холистички,
сеопфатен пристап за пружање на ХИВ интервенциите во рамки на пошироката развојна
заедница:
НИЕ СМЕ ЗДРАВИ здравствениот центар: Овој дроп–ин центар обезбедува безбедно место за
социјализирање на трансродните лица и дискутирање за безбеден секс, семејно насилство
и социјални проблеми. Се нудат исто така и ХИВ тестирања и дополнителни информации.
Центарот исто така нуди месечни набавки на кондоми и лубриканти, правни совети и други
помошни услуги.
Проектот ДИВА повеќе – државен Јужно Азијски грант: Авганистан, Бангладеш, Бутан, Индија,
Непал, Шри Ланка, Пакистан: Овој проект го поддржува зајакнувањето на капацитетот на
преку 60 државни и регионални организации базирани на заедница кои се вклучени во ХИВ
превенцијам, грижа и услуги за поддршка; развој на политики и застапувања; партнерство
со локалните владини претставници и здравствени равотници и уште многу други услуги кои
се добредојдени за трансродните лица. Понудени се и пакети за обука со кои се намалува
стигмата во здравствените установи и интегрирани се во националните програми.
Распределба на одговорностите меѓу единиците за имплементација/
невладините организации
Кога на спроведувачките организации им се доделуваат улоги за започнување
со услугите, важно е да се дефинираат различни области кои што ќе ги
покрие секоја услуга. Секогаш кога е можно, избегнувајте преклопувања
во географските области. Големината на локалните трансродни заедници
ќе ја определи областа на покриеност за секоја организација што ќе се
спроведува. Ако целната популација е премногу мала, тоа ќе ја направи
интервенцијата премногу скапа за трансродните лица; Ако е преголема,
може да ги надмине способностите за управување на организацијата и да
создаде перверзни стимулации, на пр. неточни известувања, лажни клиенти
итн.
Вработување и обука на работниците
Мултикомпонентната интервенција со транс луѓе бара членови на тимот со
различни вештини. Составот на тим зависи од обезбедените услуги, како
се испорачуваат услугите, големината на транс-заедницата и географската
област што се покрива.
204