My first Publication TRANSIT tool | Page 196

5 Програмско менаџирање исто така, може да се сметаат како дел од сеопфатниот пристап за развој на заедницата. Важен елемент кој треба да се разгледа е различните потреби на трансродните лица од различни возрасти, вклучувајќи образование, советување и поддршка за младите, за пре-сексуалните транс лица и за адолесцентните лица кои го истражуваат и потврдуваат нивниот развој, родов идентитет и сексуалност. Дизајнот на услугите во смисла на решавање на прашањето со променливите потреби за „животниот тек“ на трансродните лица е корисен начин да се воспостави програма што е релевантна, холистичка и обезбедува добра покриеност за целата заедница (види исто така, Поглавје 3 Секција 3.2.5) . Обезбедувањето приспособени услуги за невработените, како и самовработените трансродни лица, вклучувајќи и сексуални работници, исто така, може да помогне да се зголеми покриеноста и релевантноста. Рамка 5.4 Спроведување на сеопфатни и интегрирани услуги предводени од заедницата Глобалниот фонда за борба против СИДА, туберкулоза и маларија поддржува неколку трансродни организации за да ги зајакне нивните услуги. Некои од нив имаат холистички, сеопфатен пристап за пружање на ХИВ интервенциите во рамки на пошироката развојна заедница: НИЕ СМЕ ЗДРАВИ здравствениот центар: Овој дроп–ин центар обезбедува безбедно место за социјализирање на трансродните лица и дискутирање за безбеден секс, семејно насилство и социјални проблеми. Се нудат исто така и ХИВ тестирања и дополнителни информации. Центарот исто така нуди месечни набавки на кондоми и лубриканти, правни совети и други помошни услуги. Проектот ДИВА повеќе – државен Јужно Азијски грант: Авганистан, Бангладеш, Бутан, Индија, Непал, Шри Ланка, Пакистан: Овој проект го поддржува зајакнувањето на капацитетот на преку 60 државни и регионални организации базирани на заедница кои се вклучени во ХИВ превенцијам, грижа и услуги за поддршка; развој на политики и застапувања; партнерство со локалните владини претставници и здравствени равотници и уште многу други услуги кои се добредојдени за трансродните лица. Понудени се и пакети за обука со кои се намалува стигмата во здравствените установи и интегрирани се во националните програми. Поставување програмски стандарди Oсигурувањето дека програмите за превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ и СПИ ги исполнуваат договорените стандарди е суштинска управувачка функција. Интервенциите наменети за други популации можеби ќе треба да се прилагодат за потребите на транродните луѓе, а можеби ќе треба да се зајакнат постојните транс програми за да се постигне посакуваниот квалитет. Мора да се води сметка да се идентификуваат специфичните потреби на трансродните заедници и да не се поврзуваат транс луѓето со други групи и заедници, иако можностите за преклопување на услугите се уште може да постојат ако може да се одржи специфично прилагодување и сензитивизација. Услугите треба да се пружаат едноставно, јасно и концизно, но со доволна родова прифатливост на техничката и професионалната експертиза, со соодветно внимание на стандардните оперативни процедури и договорени протоколи за третман и дефинирани минимални стандарди. 195