5 Програмско менаџирање
различните области во рамките на градот. Првичните проценки може да се
потврдат подоцна, бидејќи постојаното следење продолжува со натамошно
собирање на квантитативни и квалитативни информации. Раководителите
на програмите треба да обезбедат повратни информации и да дискутираат
за резултатите со одговорните членови на заедницата за да се осигура дека
тие ќе одговараат на нивните потреби и грижи.
Рамка 5.3
Пример на случај: Собирање на податоци во Перу
IESSDEH (Институт за Студии за здравство, сексуалност и човековиот развој) во Лима започна
со истражување на популацијата со помош на amfAR во 2009 година. Организацијата
спровеla квантитативни и квалитативни студии, со транс жени обучени да ги интервјуираат
своите врсници во различни заеднички простори, како салони за убавина и приватни домови.
Наодите покажуваат дека многу транс жени претпочитаат самите да се третираат заради
сеприсутната стигма и дискриминација во здравствениот сектор, ефикасно создавајќи
паралелен и немонизиран здравствен систем. Бидејќи сексуалната работа е главен извор
на приходи за многу жени во Перу, тие се изложени на висок ризик од пренесување на
ХИВ поради ретко користење на кондоми кога клиентите плаќаат повеќе за да имаат секс
без кондом, полициско вознемирување кога сексуалните работници носат кондоми и
преку сексуално насилство (силување). Истражувањето на IESSDEH покажа силни докази
за негативните ефекти на трансфобијата кај транс луѓето и алармантни податоци за
преваленцата на ХИВ во заедницата: 30% од транс жените живеат со ХИВ, наспроти 0,4% од
жените од општата популација.
Од ова истражување предводено од заедницата биле научени значајни лекции, покажувајќи
дека ангажирањето на трансродните лица во голема мера го зголемува квалитетот и
длабочината на резултатите. Иако учеството на заедницата може да го забави темпото на
истражување, тоа многу придонесува за наодите и помага да се идентификуваат факторите
што доведуваат до маргинализација и ранливост на трансродните жени. Истражувањата
предводени од заедницата помагаат да се обезбеди подобра база на докази за да се изградат
програми за развој на заедницата кои се однесуваат на нивните идентификувани потреби.
Обука на транс-истражувачите, исто така, ги зголемува можностите за вработување на транс
луѓето во идните транс-поврзани истражувања.
5.2.2. Развивање приспособени интервенции
За да се спроведе програма која ќе се занимава со идентификуваните
потреби на трансродните заедници, програмските планери мора да го
идентификуваат опсегот на услугите и интервенциите што треба да се
испорачаат, соодветната локација (место), инфраструктурните барања,
очекуваните трошоци и извори на финансирање и врски до други програми
кои успешно ќе ја олеснат имплементацијата и испораката на програмата.
Поставките и структурата на програмот кој служи за трансродните лица
мора внимателно да се дизајнира. Самосталните институции за ХИВ и СПИ
може да генерираат понатамошна стигма и дискриминација. Интегрирањето
на програмата со други дополнителни интервенции може да осигура
дека барањата, потребите и документираните проблеми и прашања на
транс луѓето се решаваат беспрекорно како дел од поширокиот развој на
заедницата (види Поглавје 4, Секција 4.2.1). Холистичките програми можат
да ги поддржат транс луѓето за да ја наметнат агенцијата над нивниот
родов идентитет, сексуалност, здравје и живот, како и решавање на бројни
здравствени проблеми, вклучувајќи сексуално и репродуктивно здравје,
употреба на дрога и алкохол, туберкулоза и психосоцијално здравје и
благосостојба. Пошироките социјални, економски и правни проблеми,
194