My first Publication TRANSIT tool | Page 191

5 Програмско менаџирање трансродни треба да бидат обучени за одржување и постојано артикулирање на фокусот на јакнење на заедницата, не само на техничките аспекти и услугите. Можностите за трансродните лица треба да бидат развиени во насока на сениорско управување, лидерство, управување и мониторинг, а не само ограничена кариера и вршење само на теренска работа (види Дел 5.4.3). Решавање на структурните и општествените ограничувања: Во текот на фазата на дизајнирање на програмата, се донесуваат одлуки за составните елементи на програмата. Таму каде што е изводливо, повеќеслојна програма која ги опфаќа структурните прашања надвор од директното намалување на ризикот од ХИВ, може да генерира поголем интерес за заедницата и да обезбеди повеќе влезни точки за транс луѓето за ангажирање во програмските сервиси. Поддршката на локалните транс-заедници преку домување, правна помош, вработување, совети за здравје или имиграција може позитивно да влијае врз ризикот и управувањето со ХИВ, и овие интервенции се валидни за да се разгледаат како дел од програмата за ХИВ и СПИ. Генерирањето на идеи за нови можности за вработување и бизниси за трансродните лица може да биде особено корисно за поттикнување на кохезијата во заедницата. Ко-локацијата на услугите, на пример, во рамките на безбедните простори во заедницата (дроп -ин центри) за трансродните лица (види Поглавје 4, Секција 4.6), може да помогне програмите да станат порелевантни и подостапни. Поврзување и координација со другите услуги: На локално ниво, локалната власт, како што се градските совети, можат прифатат партнерство со организациите предводени од заедницата. Може да се разгледа можноста за развивање на комплементарни услуги, како што е владината поддршка за теренските работници кои работат после работното време и услуги за клиентите во врска со транспортните услуги од невладините организации. Трансродните здравствени и социјални прашања треба да бидат вметнати во националните стратешки процеси и процесите за планирање на развојот преку напорите за застапување. Осигурувањето дека потребите на трансродната заедница се усвоени во рамки на стратешкото планирање е важно за да се донесат услуги за подредување и градење на мрежи за ефикасно упатување помеѓу трансродните лица и пошироките национални програми за развој. Застапувањето и преговорите со владата помагаат да се олеснат целокупните одговори на проблемите за трансродните лица во врска со владата, како што е справувањето со насилството врз транс луѓето на сеопфатен начин (види слика 5.1). Финансиски менаџмент: Менаџерите мора да обрнат повеќе внимание на обезбедување соодветни финансиски ресурси, буџетирање и обезбедување на финансиска одржливост. Буџетирањето мора да се случи и пред почетокот на програмата, и за секој нов финансиски циклус, кога договорите со донаторите, владата и другите извори може да се обноват. Програмите можат да бидат финансирани од националната или локалната власт, но обезбедени од организациите предводени од заедницата со добри линкови и контакти со членовите на транс-заедниците. Спонзорство, донации, добротворни фондации и приватниот сектор исто така може да бидат извори на средства. Во текот на програмскиот циклус треба да има постојан финансиски мониторинг, редовно сметководство за приходи и расходи за да се осигура дека расходите остануваат на вистинскиот пат и не ескалираат надвор од буџетот. Финансиските контроли се важни за да се 190