My first Publication TRANSIT tool | Page 190

5 Програмско менаџирање 5.1 Вовед Ова поглавје дава насоки за зајакнување на управувањето со националните и поднационалните програми кои служат за трансродните лица. За да се обезбедат висококвалитетни услуги за голем дел од трансродните лица, раководството на национално ниво обезбедува координирана испорака на програмите. Во зависност од големината на земјата, може да бидат потребни дополнителни слоеви на управување за да се поддржат локалните организации за имплементација. Системот за управување е клучен за испорака на програм, бидејќи поддржува и олеснува: • дизајн, планирање и испорака на повеќе активности на различни нивоа; • дефинирање на улогите и одговорностите на програмскиот персонал, управување со односите со надворешните партнери и врски со други програми; • оперативни активности за поддршка на испораката на програмата, како што се собирање на податоци и известување за резултатите, набавка на стока, следење на квалитетот и надзор и обука на вработените; • јавна теренска работа и размена на информации за да се подигне свеста и потребата за користење на услугите; • финансиски процедури и контроли. Ова поглавје не е сеопфатен водич за стратешко планирање или за управување со програми - постојат многу други ресурси за да им се помогне на менаџерите (види Секција 5.5). Ова поглавје се фокусира на неколку менаџерски пристапи и системи кои се особено релевантни за транс програмите и за потребата од вклучување на транс лица во секоја фаза на дизајнирањето, спроведувањето, водењето и мониторингот на програмите. Иако политиките и системите можеби не се достапни во сите контексти за поддршка во сите аспекти на управувањето со програмата опишани овде, спроведувачите на програмата и креаторите на политиките се охрабруваат да спроведат се што е во нивна можност и да развијат и зајакнат компоненти колку што е потребно. 5.1.1 Суштински проблеми во врска со дизајнирање и управување со програмите за ХИВ и СПИ кои се користени од страна на трансродните лица Транс лидерство: Кога се планира нова програма, транс луѓето треба да бидат вклучени во дизајнот и имплементација уште од самиот почеток. Кога се развива и подобрува веќе постоечка програма со трансродни лица, тие треба да бидат повеќе ангажирани во управувањето и испораката. Првичното управување од страна на поддржувачки невладин или владин сојуз идеално се префрла на самоуправување од страна на членовите на трансродната заедница. Раководителите на организации кои не се 189