5 Програмско менаџирање
обезбеди сигурност дека средствата се трошат соодветно на легитимните
програмски потреби. Финансискиот мониторинг, според тоа, е интегрален
дел од управувањето со програмата за да се обезбеди одржлива испорака
на услугите.
Доверливост и заштита на личните податоци: Дизајнирањето и
управувањето со програмите за трансродни луѓе бара информации за
локалитетот на поединците, големината на транс заедниците и, идеално,
уникатни, но доверливи идентификатори за поединечни трансродни лица.
Уникатните идентификатори помагаат да се избегне дуплирање на услугите,
да се промовира прифаќањето на услугите и да се процени степенот на
покриеност, особено кога постојат повеќе организации за спроведување.
Личните податоци кои ги идентификуваат локациите или поединците
мора да се ракуваат со строга доверливост и мора да бидат заштитени
од пристапот на поединци, групи или организации кои се непријателски
настроени кон трансродните лица.
Флексибилност и континуирано учење на програмата: Околината во
која транс луѓето живеат брзо се менува поради економските флуктуации
и правните и социјалните проблеми, како и употребата на технологиите
како паметни телефони и интернет. Транс луѓето често се високо мобилни,
движејќи се низ град, држава или преку државните или национални граници
за да ги следат можностите за вработување, да најдат подобри услуги или
да бараат поприфатено опкружување. Раководителите на програмите во
соработка со трансродните заедници треба да дизајнираат флексибилни
интервенции за да се исполнат различните локални потреби за теренски
активности и акомодитет и да им служат на транс лицата кои можеби не го
зборуваат локалниот јазик. Обезбедувањето на ХИВ/СПИ и другите услуги
и програми за трансродните лица не треба да бидат условени од локалната
регистрација, престој или државјанство. Со оглед на оваа разновидност,
променливиот контекст и релативната неискусност на некои организации
во програмирањето со трансродните лица, важно е да се развијат системи
за управување кои овозможуваат брзо приспособување на програмите,по
потреба, и да инкорпорираат повратни информации од клиенти, како и да
држат предавања и практики за прифаќање на трансродноста.
191