My first Publication TRANSIT tool | Page 183

4 Пристапи за давање на услугите Рамка 4.13 Пример на случај: Онлајн промоција на сексуално здравје во Тајланд Sexpert! е онлајн информативна платформа за поддршка на транс-сексуалното здравје. „Сексперт“ е трансродна жена обучена како здравствен едукатор во заедницата. Секспертите обезбедуваат образование за ХИВ, сексуално здравје и правни права во незагрозените анонимни виртуелни средини. Тие не само што се занимаваат со стандардни прашања за превенција и третман на ХИВ, туку и ги ангажираат членовите на заедницата во дискусиите околу прашањата поврзани со сексот, односите и телесните проблеми кои доаѓаат со промена на полот, како и самоприфаќање на сопствениот избран родов идентитет. Sexpert! користи Фејсбук група како главна комуникациска платформа и за олеснување на живите разговори. Секој член кој се пријавува може да разговара за секое прашање поврзано со нивното сексуално здравје и благосостојба со здравствениот едукатор во заедницата. Поради тоа што тајландските транс жени се обично чести корисници на социјалните мрежи, Sexpers! Ја зголемува и максимизира опфатената публика и ја рекламира својата страница на другите страници Трансродни или ЛГБТИ поврзани социјални мрежи. Во споредба со традиционалните работилници за меѓусебна поддршка и онлајн врсничка едукација, овој пристап овозможува поинтензивна комуникација помеѓу здравствените едукатори во заедницата и членовите на заедницата. Приоритет на Sexperts! е отворено да се признае задоволството од сексот. Добар Секспертист разбира дека со предизвикување некое лице да се чувствува виновно заради неговите сексуални практики, ќе жртвува можност за разговор за побезбеден секс и личен ризик од ХИВ. Фејсбук страната на Thai Lady Boyz Sexperts! – TLBz Sexperts. Оваа страна им дозволува на членовите на заедницата да разговатаат во живо и анонимно со пиер советувачите. Секспертите добиваат обука и надзор од Thai Lady Boyz и партнерските организации. Од нив се бара да останат во тек со вестите поврзани со трансродното здравје. Здравствените едукатори во заедницата исто така се опремени со авторитативни извори за брзо да најдат информации за членовите на Фејсбук страницата,по барање, и можат да обезбедат ресурси за поединечните членови на заедницата кога им се потребни. Нивните комуникации се следат од менаџерот на програмата. 4.7.2 Обезбедување на квалитет и oнлајн сигурност Стандардите за добра практика за онлајн програмите и напорите за користење на паметни телефони обезбедуваат сигурност и приватност за членовите на заедницата и учесниците во програмите. Многу онлајн програми претпочитуваат платформи како што се Фејсбук групите, како што е Sexperts! претставена во рамката 4.13, или независни блогерски страни кои бараат од корисниците да се зачленат за членство и кои се следат од страна на администраторите на групите. Таквите набљудувани сајтови може да контролираат кој има пристап до содржината и кој е способен да се вклучи во разговорите во живо со теренските работници или другите членови на заедницата. Конзистентното следење од страна на теренските работници обучени за превенција на ХИВ и промоција на сексуалното 182