4 Пристапи за давање на услугите
здравје е од клучно значење за да се обезбеди точноста и интегритетот
на презентираните информации. Ова е особено важно кога се користат
страните или групите на социјалните медиуми бидејќи тие можат лесно
да бидат предмет на несакано рекламирање и несакани ставки надвор од
целната публика. Со оглед на тоа што не е можно да се провери идентитетот
на членовите на онлајн заедницата со целосна точност, особено е важно
да се преземат безбедносни мерки при дизајнирање и спроведување на
која било форма на ICT програма.
Страните на социјалните мрежи кои вклучуваат разговори во живо со
теренските работници треба да бидат управувани од страна теренските
работници администратори на страната. Ова може да се направи само
со прифаќање на членови кои можат да пристапат до веб страната преку
упатување или барање. Содржината, исто така, мора постојано да се
надгледува за да се осигура дека членовите не «манијачат” за да соберат
информации за идентитетот на другите луѓе или да собираат одредени
содржини кои им се од интерес без дозвола.
Чекори за обезбедување на онлајн сигурност вклучуваат:
• Личните информации, како што се адресите и телефонските броеви,
никогаш не смеат да се споделат.
• Кога се користат апликации поради поврзување и запознавање со други
лица или други лични причини, треба да се има голема претпазливост
кога се споделуваат личните податоци. Доколку се договорите лично
да се видите со лицето со кое сте се запознале на интернет преку овие
апликации или веб страни, секогаш гледајте тоа да биде на некое јавно
место, со многу луѓе наоколу, а исто така и потребно е некој ваш доверлив
пријател да го знае времето и местото каде што се среќавате, поради
несакани ситуации.
• Треба да се преземат мерки на претпазливост за ограничување
известувањата за собирања во безбедните простори (drop-in центри)
или други социјални настани кои се за членовите на транс-заедницата.
Тоа треба да се одвива само страни на социјалните мрежи ккои имаат
ограничен пристап и можат да бидат гледани и користени само до
членовите на заедницата.
4.8 Заклучок
Како што нагласува ова поглавје и дадените примерите на случаи,
програмите во разновидни региони успешно воспоставиле врски помеѓу
клиниките и заедниците, користејќи иновативни пристапи кон заедничките
стратегии. Притоа, тие постигнале значителни мерливи подобрувања во
здравјето на локалните трансродни популации и нудат модели за ветувачки
практики кои можат да се реплицираат во слични региони со ограничени
ресурси. Обезбедувањето ефикасна превенција, дијагноза, третман и
грижа за трансродните популации не само што бара транс компетентност
во клиничките програми и програмите базирани на заедницата, туку зависи
од силните врски помеѓу програмите во сите сектори. Како што беше
дискутирано во Поглавје 3, зајакнувањето на здравствените системи преку
подобрена обука и интеграција на услугите им овозможува на давателите
на услуги подобро да ги задоволат сеопфатните здравствени потреби на
183