My first Publication TRANSIT tool | Page 182

4 Пристапи за давање на услугите 4.7.1 Социјални медиуми и социјална изолација Социјалните медиуми можат да го прошират програмскиот дофат на поединци кои инаку не можат да пристапат до специфичните здравствени информации, но ти сепак не треба да ги заменат сите интеракции лице – во – лице. Како што објаснува еден теренски работник од Ел Салвадор: „Ова се комуникациски методи кои носат со себе одреден ризик, како што се луѓе кои имаат многу пријатели на социјалните мрежи кои што воопшто не ги знаат лично, па тие се уште им се непознати. Ова може да даде лажно очекување кај луѓето кои немаат самодоверба и кои имаат проблеми со интеракцијата со други лица во јавноста поради страв од дискриминација поради нивниот изглед или родово изразување. Тоа понекогаш може да им даде на луѓето лажно чувство на сигурност. Кога луѓето се чувствуваат изолирани и осамени, лесно можат да им веруваат на луѓето на кои не би требало или може да имаат поголеми шанси да се впуштат во некое небезбедно однесување“. Иако ICT може да обезбеди важни информации, емоционалната поддршка обезбедена лице – во – лице во заедница е подеднакво или дури поважно за многу трансродни поединци. 181