My first Publication TRANSIT tool | Page 181

4 Пристапи за давање на услугите што бараат локација може да изнајмат или да преговараат за користење на просторот на ограничена основа, или само за време на состаноците. На некои локации, членовите на транс заедницата генерираат екстра приход со изнајмување на сопствен приватен или комерцијален простор за програмите. 4.7 Информатички и комуникациски технологии Искористување на информатичките и комуникациските технологии (ICТ) кои веќе се користат од страна на трансродните поединци можат да ги прошират напорите за теренски активности и да бидат инструментални во зголемувањето на бројот на услугите за ХИВ. Социјалните медиуми, СМС- пораките и другите ICT-платформи се користат од страна на сé поголем број луѓе, а онлајн просторот има моќ да привлече поединци од сите социо-економски нивоа и демографски групи. Анонимноста што ја нудат виртуелните простори ги прави корисниците да се чувствуваат побезбедни кога отворено дискутираат за интимните теми, како што се нивната сексуалност, преоптовареност и лични односи, без страв од пресуда или дискриминација. Теренските работници можат да обезбедат здравствени информации и превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ во програмите засновани на клиники и заедници. Многу од овие активности за „промоција на здравјето“, исто така, може да се преземат онлајн, со цел да се стигне до пошироката публика и да генерира значаен дијалог меѓу поддржувачките врсници. Заедничките платформи за трансродните ICT програми вклучуваат социјални медиуми, како што се Фејсбук, Твитер, Инстаграм, независни блогерски страни и веб-страници, како и веб-страници за запознавање и паметни телефони. При ширење на медицински точните информации, поединците можат исто така да се поврзат едни со други за да споделат искуства и да бараат емоционална поддршка. ICT интервенциите треба да gi поврзат виртуелните со физичките, односно да овозможат врски со HCT, третман, грижа и поддршка; упатување до услуги за СПИ; и упатување до психосоцијалните или другите здравствени установи. ICT услгите може да се користат за целосен континиум на превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ, и може да биде алатка за истражување на програмата, проектирање, мапирање и анализа како што е наведено во «П Процесот» (Секција 4.3.1). Важно е да се напомене дека употребата на ICT платформата,а особено на социјалните медиуми, во програмата за превенција на ХИВ кај мажи кои имаат секс со мажи е широко документирана, а програмирањето на ICT од и за транс-заедниците само што почнува да расте. Иако многу од публикациите, ширењето и стратегиите за разговор во живо кои ги користат организациите на мажи кои имаат секс со мажи, може да се прилагодат на транс-заедниците, природата и изборот на онлајн социјалните медиуми мора да ги задоволат потребите и интересите на трансродните луѓе. Членовите на транс-заедницата кои се вклучени во мапирањето, дизајнирањето, спроведувањето и следењето на програмата можат да ја одредат платформата што најдобро ќе ја опфати сопствената заедница и ќе генерира најпозитивни одговори. 180