My first Publication TRANSIT tool | Page 180

4 Пристапи за давање на услугите Инфраструктура и безбедност: Безбедниот простор идеално би било да има најмалку две соби: една која што што може да се користи за еден- на-еден состаноци или советување, а другата за други активности во заедницата. Безбедниот простор треба да биде опремен со основна опрема за справување со пожари и други итни случаи. Дизајнирање на просторот: Просторот треба да биде функционален и пријатен. Масите за состаноци и столчиња може да се чуваат на едната страна, освен ако се во употреба; Каучите или душеците седење можат да го направат просторот удобен. Ѕидовите може да бидат насликани или декорирани со уметнички дезени направени од некои членови на заедницата. 4.6.2 Оперирање со бебедните простори Управување: Програмата треба да обезбеди ресурси за просторот. За да се осигура дека заедницата го поседува просторот, транс-поединците треба да имаат водечка улога во одлуките за просторот и неговото управување. Промоција на услуги: За да се осигура дека трансродните лицата се свесни за постоењето на безбедните простори и неговите услуги, може да направи промоција преку флаери, СМС пораки и мрежно поврзување на заедницата. Основни правила: Тие треба да бидат формулирани од оние кои го користат просторот, така што ќе разберат кое однесување е прифатливо, на пр. во однос на нивото на бучава (ова е исто така важно за да не се наруши мирот на било кој сосед), како и употребата на дрога и алкохол. Односи со соседите: Менаџерите на безбедните простори, вклучувајќи ја и заедницата, треба да направат планови за управување со односите со соседите и оние во пошироката заедница. Во услови каде што постои загриженост во врска со интеракцијата помеѓу полицијата и членовите на трансродната заедница, спонзорската организација или лицата кои го надгледуваат безбедниот простор треба да ја проценат полициската средина во областа каде што се наоѓа безбедниот простор. Каде што се пријавени инциденти на полициско насилство или вознемирување (на пример, произволно запирање и пребарување на трансродните жени врз наводите за сексуална работа или конфискување на кондоми и лубриканти и нивно користење како доказ за сексуална работа), системите за лоцирање и мониторинг може да ја обезбедат безбедноста на поединците кои ги користат безбедните простори. За повеќе информации за документирање на стигмата, дискриминацијата и насилството, видете во Поглавје 2, Секции 2.3.1 и 2.3.2. Употреба на програмата: Растечките организации за спроведување можеби сакаат да го користат безбедниот простор за други програмски активности или како нивни канцеларии. Треба да се направат напори за да се осигура дека тоа не се случува или дека таквите активности се сведуваат на минимум. Безбедните простори треба да останат отворени за сите членови на заедницата за да ги користат неформално, дури и ако програмот ги користи во исто време. Одржливост: Безбедните простори може да се направат финансиски одржливи кога се управувани од заедницата. На пример, програмите 179