4 Пристапи за давање на услугите
• грижа и поддршка преку индивидуално и групно пиер советување,
вклучително и за трансродните лица кои живеат со ХИВ;
• користење на програмски податоци за подобро насочување кон
теренските услуги;
• интеракција со медиумите за да се промовира позитивна слика за
заедницата (но да се забележи важноста на одржувањето на безбедноста
на транс лицата чиј идентитет е откриен преку медиумски интервјуа и
друга покриеност).
В. Управување со теренските активности
Работата на терен се случува на две нивоа: 1. теренскиот работник кој
раководи со заедницата самиот ја спроведува теренската работа за
трансродните лица; 2. програмскиот персонал ги надгледува и поддржува
теренските работници.
Теренскиот работник користи пристап за превенција и управување со
случаите за секое трансродно лице, кој се состои од неколку чекори кои
повторно се проценуваат и повторуваат, како што налагаат околностите.
• Проценување на опсегот на потребите на поединецот, користејќи
стандардизирана алатка (види подолу «Микро планирање»).
• Развивање на план за акција со индивидуата врз основа на потребите
што може да се решат.
• Обезбедување на материјални средства, информации и советување за
задоволување на потребите на корисникот.
• Олеснување на упатувањето до други услуги, по потреба.
• Следење на упатствата со поддршка и информации, доколку е потребно.
• Редовно проценување и евалуација на потребите на поединецот.
Микро-планирање
Микро-планирањето им дава одговорност и овластување на теренските
работници за да ја менаџираат сопствената работа. Во овој пристап,
теренскиот работник го користи своето знаење за заедницата, како и
информациите што ги запишува за време на средбите со трансродните
лица, за да даде приоритет и да се управува со теренските активности.
Теренските работници се обучени да користат алатки за да соберат
податоци за ранливоста и ризикот на секој поединец на кој му ги пружаат
услугите. Алатките за микро планирање се дизајнирани да бидат лесни за
користење, на пр. тие се сликовити и можат да ги користат и луѓето кои не
се високообразувани т.е неписмени. Тие може да се прилагодат така што
рутинскиот мониторинг може да се пријави со помош на мобилен телефон,
покрај сочувување на податоците на хартија.
Теренските работници ги запишуваат податоците при секоја средба со
индивидуалното трансродно лице и ги агрегираат на неделен или месечен
формулар за известување (освен ако податоците се веќе поднесени по
електронски пат), со помош на супервизор, доколку е потребно. Некои од
збирните информации можат да бидат пријавени од страна на програмата
172