4 Пристапи за давање на услугите
• неформално менторство од страна на теренски надзорник за поддршка
на теренските работници (секојдневно);
• групни дискусии и менторство со теренските работници (неделно).
Основната обука може да вклучува:
• меѓусебни комуникациски вештини за да се изгради доверба и
индивидуална агенција (избор, контрола и моќ да делуваат за себе). Ова
вклучува учење да се применат тактични, дискрециони, активни вештини
за слушање, да се однесуваат неосудувачки и да се чува тајноста и
доверливоста;
• подигање на свеста за родот и сексуалната разновидност, вклучувајќи
ги и основните физички и психолошки фази на човековиот сексуален
развој;
• познавање на голем број проблеми поврзани со трансродните лица, како
за здравјето, така и останатите;
• анализа за јазот на кондоми, преговарање за кондоми, лубриканти и
обука за тоа колку кондоми треба да земат теренските работници за да
ги задоволат потребите на теренот;
• мапирање на социјалната мрежа;
• следење на програмскиот дострел;
• правење референции за превенција и нега;
• користење на алатки за микро-планирање, евиденција на документите;
• симптоми на СПИ и процеси на болеста, упатувања и третман на СПИ,
ХИВ и ТБ
• промоции на доброволно HTS;
• идентификување и дискутирање за насилството и обезбедувањето на
психосоцијална поддршка;
• мобилизација на заедницата.
Напредната обука може да вклучува:
• напредни вештини за комуникација и советување;
• лидерски вештини;
• справување со стигмата, дискриминацијата и малтретирањето;
• правна писменост, преговарање со полицијата и повикување на
заедницата за поддршка;
• скрининг на насилство и кризна интервенција;
• советувања за употреба на дрога и алкохол;
• создавање врски со други услуги (на пример, сексуалното здравје, ХИВ,
HTS и други здравствени услуги);
• помагање на луѓето за навигација по системите за социјални бенефиции,
на пр. здравствено осигурување, осигурување при невработеност итн.;
171