4 Пристапи за давање на услугите
Врз основа на интервјуата, мапирањето и консултациите на социјалните
мрежи, советодавната група во заедницата избира соодветен број нови
теренски работници.
Теренските работници од подгрупите со повисок ризик треба да бидат
ангажирани за да работат со своите врсници. Ова ги вклучува оние кои се
ангажирани моментално или формално ангажирани во сексуалната работа
или употребата на дроги.
Рамка 4.10
Предложени критериуми за избор
на теренски работник
• Да покажува активност во заедницата со доволно време да се спроведе теренска
работа;
• Посветеност кон целите и предметите на програмата;
• Познавања за локалниот контекст и поставките;
• Да биде прифатен од заедницата;
• Да покаже одговорност кон заедницата, како и кон програмата;
• Почитување на сите заедници на трансродни лица;
• Способност да одржува тајност и доверливост;
• Добри слушачки, комуникациски и меѓусебни вештини;
• Самоуверен и со потенцијал за лидерство;
• Потенцијал да биде силен пример за однесувањето кое се промовира во програмата;
• Подготвен да учи и да експериментира на терен;
• Обврзан да биде достапни за другите трансродни лица доколку доживеат насилство
или некоја друга вонредна состојба.
Програмите кои спроведуваат теренски активности преку социјалните медиуми, исто така,
можат да изберат теренски работници врз основа на нивниот профил како лидери на
мислењето на социјалните мрежи и други критериуми како што се возраста, класата или
локалните сексуални и родови идентитети што ќе им овозможат да стигнат до одделните
подгрупи за програмата.
Обука за вработените во заедницата
Програмите за обука треба да бидат интерактивни. Треба да се потенцира
силата на теренските работници во донесување на нивното сопственото
искуство и иницијати во нивната работа. Ова значи дека обуката може да
биде најефективна кога е олеснета од страна на обучувачи кои самите
се трансродни луѓе. Основните обуки за сите нови вработени мора да
вклучуваат компетентност во разбирањето на родовата и сексуалната
различност, без оглед на тоа како самиот нов персонал ги идентификува.
Обуката треба да се одвива редовно и може да се реализира на неколку
нивоа:
• основна обука на почетокот на ангажманот во програмата;
• напредни обуки најмалку три месеци за да се изградат знаења и вештини
и да се зајакнат позитивните примери на извонредна теренска работа;
170