4 Пристапи за давање на услугите
според регионалните или националните барања за известување, но
неговата примарна цел е да им овозможи на теренските работници да ги
анализираат своите напори за теренските активности и да јо планираат
својата теренска работа во согласност со најитните потреби на транс луѓето
на кои им служат (на пр. Оние со најголем ризик или ранливост, или оние
кои не биле сретнати за одреден временски период). Теренскиот работник
може да го направи ова планирање во контекст на неделни прегледи со
супервизорот.
Надгледување и поддршка на теренските активности
Теренскиот супервизор има одговорност да ја обучува, мотивира и следи
работата на 5-20 работници кои работат на терен. Улогата може да биде
пополнета од теренски работник кој напредувал до оваа супервизорска
улога или од член на персоналот на некоја невладина организација
додека не се обучат теренските работници. Супервизорот ги набљудува
теренските работници во нивната секојдневната теренска работа, ги
разгледува нивните податоци за составот на пакетот на услуги (број на
еден-на-еден контакти, групни контакти, упатувања или придружни посети,
кондоми и дистрибуирани лубриканти итн.) и може да ги внесат податоците
во компјутеризиран информациски систем за управување, доколку не
постои посветен службеник за внесување на податоците. Супервизорот
има неделни состаноци со својата група на теренски работници, обично на
безбедените простори (дроп – ин центри), за да дискутираат за лицата со
најголем приоритет и за било какви проблеми со кои можат да се соочуваат
теренските работници, како и да обезбедат неформална обука.
Наградување на теренските работници
Теренските работници од заедницата секогаш треба да бидат наградени
за нивната работа. Како и да е, плаќањето на теренските работници за
секој поединец што ќе го убедуват да дојде во клиниката или да стапне во
центарот за услуги - наместо да се обезбеди фиксна плата или хонорар -
може да ја наруши побарувачката и да доведе до присилно посетување на
центрите поради нивна корист. Освен фиксниот надоместок, ефективните
стимулации и препознавањето на нивниот квалитет врз основа на евалуација
може да вклучат и надоместок како телефонски кредит, подароци и
можности за лидерство кои не се директно поврзани со бројот на транс
лица кои се доведени и приклучени во програмот. Нудејќи шанса за учество
на национални или меѓународни обуки и состаноци, каде што е можно,
исто така, може да биде ефикасен начин за препознавање на следните
извонредни теренски работници.
173