4 Пристапи за давање на услугите
на големината на населението може да се спроведе на регионално или
национално ниво кога се воспоставува програмата, но може да вклучи
членови на локалните трансродни заедници и други организации или
поединци со познавање на локалните заедници. Овој процес е опишан во
Поглавје 5, Секција 5.3.1
Мапирањето е процес кој попрецизно ќе го идентификува бројот на транс
луѓето во поодредена област, како и на местата каде што тие се собираат,
и услугите кои тие ги користат. Мапирањето вклучува програмски тим,
трансродни луѓе и други луѓе на локации каде што се собираат трансродните
поединци или групи. Еднаш кога мапирањето се фокусира на локација
под одредена покриеност, потребно е учество на членовите на заедницата
за да се помогне во проценката на достапноста и квалитетот на услугите
и карактеристиките на животната средина, како и релативните ризици и
слабостите на индивидуалните трансродни лица.
Чекорите за локални консултации за информирање на мапирањето се:
• Вклучување на основната група транс-поединци за да учествуваает во
мапирањето. Тие треба да имаат детално познавање за тоа каде транс
луѓето се собираат и се среќаваат, често се нарекуваат „жешки точки“.
• Работа со основната група за развој на мапи кои ги идентификуваат
овие жаришта (како што се автобуски станици, клубови, паркови, сауни
и други места за приклучување).
• Со основната група се идентификува и прави извештај со „клучните
информатори“ на овие локации, како што се транс-поединци, сопственици
на барови и менаџери на сексуалните работници. Преку групни дискусии
со клучните информатори, доаѓа до консензус за проценка за бројот на
транс лица на секоја локација.
• Работетење со локалните засегнати страни за идентификување и
мапирање на точките за испорака на услугите за основните елементи на
сеопфатниот пакет на услуги, вклучувајќи кондоми и лубриканти, услуги
за превенција и СПИ, HTS и клиники за лекување и нега.
• Планирајте ги услугите, користејќи ги информациите од клучните
информативни состаноци. Со цел да се зголеми пристапот до овие
услуги, клиниките и дроп – ин центрите треба да се наоѓаат во близина
на областите со најголема густина на транс-поединци и да работат во
најповолно време за нив. Мапите можат да се користат и за планирање
структурни интервенции против стигмата и дискриминацијата, вклучувајќи
и насилство.
• Преку клучните информатори, се среќава и гради блискост со
дополнителни трансродни луѓе кои би можеле да станат теренски
работници подоцна.
168