My first Publication TRANSIT tool | Page 168

4 Пристапи за давање на услугите програмските менаџери на спроведувачката организација, која сеуште нема корист од воспоставениот пристап на теренски контакти со заедницата. Рамка 4.8 Пример на случај – Теренска работа и зајакнување во Доминиканската Република Како и во многу другите земји, трансродните жени од Доминиканската Република се диспропорционално застапени кај сексуалните работници и се соочуваат со конвергентните ризични фактори за полициска злоупотреба и малтретирање, ограничено образование и економски можности и дискриминација во системот на јавна здравствена заштита. Од 2004 година, Lа Comunidad de Trans-Travestis Trabajadoras Sexuales Dominicana (COTRAVETD) работи на елиминирање на стигмата, дискриминацијата и маргинализацијата на трансродните сексуални работници низ Доминиканската Република. Иако бесплатното тестирање за ХИВ е лесно достапно, многу транс-жени пријавуваат дека немаат пристап до други редовни здравствени услуги поради криминализацијата на сексуалната работа и системската дискриминација на транс-жените и сексуалните работници. За оние кои се ХИВ позитивни, висококвалитетниот третман и нега не е лесно или редовно остварлив. Со цел да го надмине овој јазол, COTRAVETD развиле програма прилагодена на трансродните сексуални работнички во Сантијаго и Санто Доминго. Програмата ги регрутира и обучува здравствените едукатори во заедницата за да го надминат дистрибуирањето на кондоми и лубрикант и информациите за тестирање. Едукаторот исто така се осврнува на здравјето и благосостојбата од гледна точка на човековите права и ги едуцира своите врсници за нивните законски права да бидат ослободени од дискриминација во здравствените установи и како да преземат акција против полициската злоупотреба. COTRAVETD, исто така, испраќа мобилна клиника за да обезбеди основна здравствена заштита, СПИ и тестирање за ХИВ. Централна компонента на програмата е системот за упатување во клиника која нуди програма за транс здравствена заштита која обезбедува примарна нега, хормонска терапија и советување за промена на полот. До денес, тие опфатиле околу 1300 транс жени преку теренската работа, со персонал од осум обучени работници кои работат на терен. www.cotravetd.blogspot.co.uk 4.5.1 Спроведување теренска работа Постојат неколку чекори за воспоставување на ефективна програма за спроведување на теренска работа: A. Мапирање на заедницата и дизајнирање на теренски стратегии со членовите на заедницата кои се целосно ангажирани во секоја фаза од процесот. Ова вклучува мапирање на виртуелните простори што ги користат транс-заедниците, односно популарни социјални медиумски платформи и веб-страници. Б. Вклучување и обучување на теренските работници или онлајн теренски работници В. Спроведување и управување со теренски активности, вклучувајќи реклами на веб-страници и промоција на социјални мрежи Г. Поттикнување лидерски капацитети на теренските работници А. Мапирање на заедницата и дизајнирање теренски стратегии Разбирањето во врска со тоа каде се наоѓаат трансродните луѓе и како да се стигне до нив е од суштинско значење. Ова започнува со проценка на големината на населението и програмско мапирање. Проценката 167