My first Publication TRANSIT tool | Page 166

4 Пристапи за давање на услугите 4.5 Теренска работа 2014 Консолидирано упатство за клучните популации Пристапите за пружање услуги може да ја зголемат пристапноста и прифатливоста за клучните популации. Теренските, мобилни услуги, дроп – ин центри и пристапи базирани на настани се корисни за достигнување на оние лица со ограничен пристап до услугите, или немаат пристап до здравствените установи. Овие пристапи овозможуваат поефикасни упатувања помеѓу заедницата и здравствените установи, како и поддршка за соработката во сите сектори вклучени во унапредувањето на здравјето. Програмите засновани на заедницата, исто така, може да се однесуваат на програми кои ги водат и испорачуваат членови на клучната популациона заедница. Организации предводени од заедницата можат да играат важна улога во опфаќање на клучните популации, ангажирање со нив, поврзување на нив со услуги и обезбедување на тековна грижа и поддршка. Организациите предводени од заедницата играат клучна улога во обезбедувањето услуги кои најдобро ги задоволуваат потребите на клучните популации. Пристапот предводен од заедницата е суштинска врска помеѓу заедницата и услугите за превенција, дијагноза, третман и нега на ХИВ. Тие ги поттикнуваат транс луѓето да се потпрат на нивното знаење од прва рака за ранливоста и ризикот за решавање на проблеми - да ги решат проблемите со членовите на нивната заедница, да го зајакнат пристапот до услугите и да направат одржлива превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ. Теренски работник е трансродно лице кој врши теренска работа за другите луѓе. Обучените членови на заедницата со директно искуство за повеќето фактори кои го зголемуваат ризикот за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции, можат да дискутираат за личните приказни и да ги решат интимните прашања со искреност и емпатија. Со формална обука за здравствена едукација (види Секција 4.5.1) теренските работници може да ги поврзат другите лица со клиничките услуги и услугите базирани на заедница или водени од заедницата. Пристапите предводени од заедницата вклучуваат градење капацитети на организацијата предводена од заедницата за да ги процени потребите на заедницата, да дизајнира висококвалитетни услуги базирани на идентификуваните потреби (почнувајќи од најсуштествените) и прогресивно да ги промовираат овие услуги како што растат способности на организацијата. На повеќе локалитети, социјално-политичките контексти, ХИВ-инциденцата и ризичното однесување кај транс луѓето ќе го формираат дизајнот на услугите. Во повеќе толерантни средини (на пример, некои урбани области), организациите предводени од заедницата може да бидат во можност да бидат позабележани за нивната работа и да одржуваат јавни настани и групни теренски сесии. Во голем дел од светот, организациите предводени од заедницата мора да работат многу дискретно за да обезбедат теренска работа, HTS и упати до услугите за сеопфатна грижа. (За повеќе информации во врска со Градењето на организацискиот капацитет на организации водени од заедницата, види Поглавје 1, Сеција 1.4.) Повеќето организации предводени од трансордните заедници прво ја градат својата теренска работа околу активностите во форма еден-на-еден 165