4 Пристапи за давање на услугите
Важно е владините програми за дистрибуција на кондоми и лубриканти
активно да вклучуваат организации на трансродни лица и организации
од граѓанското општество во обезбедување на кондоми и лубриканти,
сегментација на пазарот, дистрибуција на кондоми и лубриканти и
промоција на производите.
Набавката на кондоми и лубриканти треба да ги следи меѓународно
воспоставените механизми за обезбедување на највисок квалитет. Освен
тоа, зајакнувањето на организациите на трансродните лица, за да играат
активна улога во подигањето на свеста и дистрибуирањето кондоми и
лубриканти на заедниците е од суштинско значење за да се зголеми нивната
достапност и употреба на ниво на заедницата. Со директен пристап до
популацијата која се услужува, организациите на транс-поединци се
клучни точки за дистрибуција на кондоми и лубриканти, ги во голем број
во безбедните простори (дроп–ин центри), преку теренски работници од
заедницата и како дел од другите здравствени услуги.
Корисно е за продавачите и дистрибутерите на кондоми да ангажираат
трансродни популации за да дизајнираат и дистрибуираат различни кондоми
и лубриканти кои ги задоволуваат специфичните потреби на трансродните
жени и мажи. Машките кондоми не можат да бидат прифатливи за некои
трансродни жени, ниту женските кондоми за некои трансродни мажи.
Трансродните заедници треба да бидат ангажирани од самиот почеток
во дизајнирањето и маркетингот на кондомите и лубрикантите, како и во
планирањето, мапирањето и спроведувањето на нивната дистрибуција.
164