4 Пристапи за давање на услугите
4.4 Програми за кондоми и лубриканти
2014 Консолидирано упатство за клучните популации
Редовната и правилна употреба на кондоми со кондом – компактибилен
лубрикант е препорачана пракса за сите клучни популации, за превенција на
сексуално преносливите инфекции.
Членовите од клучните популации, вклучувајќи ги луѓето кои живеат со ХИВ,
треба да бидат во можност да искусат целосен, задоволителен сексуален
живот и да имаат пристап до повеќе репродуктивни опции.
ТРАНСРОДНИ ЛИЦА
За анален секс се препорачува употреба на кондоми и лубриканти
компактибилни на нив.
Треба да се стави акцент на соодветното обезбедување на лубриканти за
трансродните жени и мажи кои имаат секс со мажи.
Промовирање на знаењето и употребата на кондоми и лубриканти преку
неосудувачка, секс-позитивна и медицински точна комуникација на
поединецот, групата и нивото на заедницата е од суштинско значење за
успешните програми со трансродните поединци. Промената на мислењето
за кондоми и лубриканти треба да се реши со тоа што ќе се дизајнираат
комуникациски стратегии со примарна цел да ги мотивираат поединците да
го разберат и да ја преземат одговорноста за сексуалното и репродуктивното
здравје. За дополнителни информации за употребата и ефикасноста на
кондомите и лубрикантите за сексуално здравје, погледнете во Поглавје 3,
Секција 3.3.1.
Програмата за кондоми и лубриканти треба да одразува пристапот кој
се заснова на правата на сексуално здравје, кој го одликува и заштитува
индивидуалниот избор и телесната автономија. Ефективното програмирање
го препознава целиот спектар на човечка сексуалност, сексуални
ориентации и родови идентитети и е основано со почит кон сексуалноста
на секој поединец.
Полово-позитивните пристапи кон комуникацијата за промена на
однесувањето најверојатно ќе бидат најефикасни. Полово-позитивните
пораки ги нагласуваат пријатните, романтични и уживачките аспекти на
сексуалното изразување, ја отстрануваат стигмата во врска со кондомите
и лубрикантите и ги поврзуваат кондомите и лубрикантите со пошироката
сфера на здрава сексуалност и сексуално изразување.
Постојат различни можности за промовирање на кондоми и лубриканти кај
поединците, вклучувајќи ги индивидуалните, општествените и масовните
медиумски стратегии. Кондомите и лубрикантите може да се промовираат
преку еден-на-еден советување, меѓусебни комуникации, групни активности,
телевизија, Интернет и социјални медиуми. Кондомите и лубрикантите
треба да бидат достапни и промовирани во здравствени центри што ги
посетуваат трансродните лица (т.е. клиники), како и во заеднички простори
што ги посетуваат (т.е. центри за инјектирање, места за забава итн.).
163