4 Пристапи за давање на услугите
4.3.2 Адаптирање на бихејвиористичките интервенции
развиени за други популации
Постои непосредна потреба за превенција на ХИВ меѓу трансродните
популации. Меѓутоа, во многу околности, нема сведоци за програми за
превенција на ХИВ, специјално дизајнирани за транс жени кои се строго
дизајнирани и евалуаирани. Затоа, многу програми мора да се адаптираат
од оние веќе дизајнираните, за да им служат на другите популации, особено
на мажите кои имаат секс со мажи. Кога програмите за превенција на ХИВ
кај мажи кои имаат секс со мажи се проширени и вклучуваат услуги за транс
жени, тие мора да бидат оценувани и адаптирани со цел соодветно да се
приспособат на транс учесниците и клиентите.
Систематската адаптација може да ја зголеми културната важност на
интервенцијата заснована на докази. Интервенциите кои немаат културно
значење за уникатните потреби и преференции на субпопулацијата,
најверојатно, ќе го попречат постигнувањето на посакуваните резултати.
За да се адаптира програмата, организациите предводени од заедницата
мора: (а) да спроведат проценка на потребите на заедницата; (б) да
создадат метод за вклучување на заедницата што најдобро функционира
за организацијата; (в) да ангажираат соодветен кадар ако е потребно; (г) да
присуствуваат на обуки за оригинална интервенција; (д) да се запознаат со
процесот на адаптација; (ѓ) да развијат метод за систематско креирање на
промени во наставната програма и активностите; (е) конкретни активности
пред тестирање; (ж) прилагодување на формуларите за евалуација; и (и) да
се пилотира адаптација.
Една организација го објаснува процесот што го следела за да се прилагоди
наставната програма за превенција на ХИВ за младите трансродни лица:
„Почнавме со тоа што секој што беше дел од тимот за адаптација го прегледа
оригиналниот наставен план и ги запиша сопствените идеи за она што им
се допадна во врска со тоа, што мислеа дека треба да остане исто, она што
тие мислеа дека треба да се промени, што мислеа дека недостасува. Потоа
поминавме неколку состаноци за КОЛЕКТИВНИ идеи во врска со младите
трансродни лица. Потоа ... ние од прилика направивме синтеза за тоа што
сметавме дека се навистина клучни прашања во однос на здравствените
резултати и превенцијата на ХИВ за трансродните млади лица, а потоа
разговаравме во врска со тоа како да се осигураме дека овие клучни точки
се во оваа наставна програма (curriculum)? “Со ангажирање на членовите
на заедницата во секоја фаза на планирање и спроведување темелна
проценка на потребите, оваа организација може стратешки да планира
програма која директно се однесува на приоритетите и преференциите на
своите корисници.
162