4 Пристапи за давање на услугите
терен и за сите клучни партнери вклучени во имплементацијата. Откако ќе
биде обучен клучниот персонал, тие ќе ја спроведат програмата со редовен
поддржувачки надзор за да обезбедат тековен квалитет.
Како што напредува спроведувањето, клучните учесници може да се
мобилизираат за да споделат информации и резултати меѓу другите
организации и агенции во рамките на мрежата на сојузници и партнери во
програмата. Во текот на периодот на имплементација, треба да се проследи
мониторинг на програмата за да се обезбеди конзистентност и квалитет
на резултатите и мерење на пресвртници во остварувањето на наведените
интервентни цели. За дополнителни информации и ресурси за мониторинг
и евалуација на програмата, видете во Поглавје 5.
Чекор 5 – Евалуација и ре–планирање
Евалуацијата на секоја интервенција одредува колку добро ги исполнила
своите цели. За бихејвиористички интервенции, евалуацијата може да
идентификува како и зошто некоја програма можела да го промени
однесувањето, а во некои случаи и да го утврди целокупното влијание врз
пренесувањето на болеста за менување на таквото однесување. Во рамките
на П-процесот, евалуацијата вклучува мерење на резултатите и проценките
на влијанието, дисеминација на резултатите од евалуацијата на програмата
и ревизија на програмата или редизајн.
161