My first Publication TRANSIT tool | Page 161

4 Пристапи за давање на услугите на постојните здравствени и демографски податоци и сите информации кои постојат во врска со аспектот на програмирање за ХИВ, кои дадената интервенција сака да ги реши. Анализата на ситуацијата и животната средина може да вклучи: листа на фактори кои ја спречуваат и овозможуваат саканата промена на однесувањето, јасна и кратка изјава која ги сумира проблемите што треба да се решат и јасен и специфичен опис на целната популација за која е наменета оваа програма. Каде што има мали или никакви податоци за локалното трансродно население, ќе бидат потребни формативни истражувања за да се утврди основната состојба на здравствениот статус и потребите на целната популација (види Мапирање на заедницата во Секција 4.5.1). Чекор 2 – Стратешки дизајн Стратешкиот дизајн започнува со истакнување на целите на програмата кои се „паметни“: специфични, мерливи, соодветни, реални и временски врзани. Потоа, процесот на дизајнирање на стратегијата ги одредува моделите на промени во однесувањето кои најдобро одговараат на интервенцијата и ги користи избраните модели за да се објасни како и зошто програмата ќе го подобри здравственото однесување кај трансродните луѓе. Трет чекор во процесот на дизајнирање на стратегија е да се одредат каналите за комуникација (т.е. социјалните медиуми, меѓусебната комуникација, групните поставки, мас-медиумите) кои најлесно ќе го достигнат и променат однесувањето на специфичната транс популација. Откако ќе се направат „паметните“ цели и ќе се одредат моделите за промена на однесувањето и каналите за комуникација, планираното излегување од фазата на дизајнирање на стратегија е изработка на план за имплементација и распоред за работа кој има репери во редовни интервали за да се измери напредокот. Чекор 3 – Развивање и тестирање Овој чекор вклучува собирање, креирање и прилагодување на алатките и материјалите кои ќе бидат потребни, вклучувајќи упатства и алатки, прирачници за олеснување за спроведување на работилници или групи за дискусија, прирачници за врснички советувања или ХИВ и СПИ пораки за медиумскo внимание. Новите материјали развиени за програмата, или постоечките материјали прилагодени за неа, мора јасно да се дизајнираат за да се осврне внимание на специфичниот аспект на моделот на однесување. Пред имплементацијата, сите материјали треба да бидат претходно тестирани со точниот сегмент на транс популацијата која треба да се опфати, со цел да се оценат материјалите за културна компетентност, точност и да се осигура дека тие се прилагодени на локалните јазици и социо-културните норми. Чекор 4 – Спроведување и мониторинг Фазата на спроведување (имплементација) и мониторинг го става во акција целото планирање што се случува во првите три чекори. Во оваа фаза, треба да се спроведат обуки за менаџерите, работниците што работат на 160