My first Publication TRANSIT tool | Page 16

Вовед Во 2011 година, СЗО развила документ за упатсво за Превенција и третман на ХИВ и други сексуално преносливи инфекции помеѓу мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и трансродни лица. Документот претставува низа на технички препораки за превентивни инфекции и третман на ХИВ и други СПИ меѓу трансродните лица. Во 2014, СЗО го објави документот Консолидирани упатства за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа за клучните популации. Ова ги соединува сите постоечки упатства поврзани со клучните популации, вклучувајќи ги трансродните лица, со надоградба на селектираните упатства и препораки. Препораките за овие две публикации се изложени во Табела 1, која се наоѓа на крај на овој вовед. Експертите за трансродност, активистите од заедницата и другите здравствени експерти направиле соработка за развој на регионалната публикација за здравјето на трансродните лица. 6 Следејќи ја дисеминацијата од 2011 Препораките и 2014 Консолидираните упатства за клучните популации кои опишуваат ефективни и интервенции базирани на докази (ШТО), потребно беше да се изготви упатство фокусирано на спроведувањето (КАКО). Токму оваа публикација се однесува на тие потреби, пружајќи практични совети во врска со спроведувањето на ХИВ и СПИ програмите за трансродните лица, со фокус на трансродните жени, поврзано со 2011 Препораките и 2014 Консолидирани упатства за клучните популации. Содржи примери од добра практика од целиот свет кои можат да помогнат во напорите за планирање на други програми и услуги, а исто така и опишува проблеми кои што треба да бидат согледани и како да се надминат истите. Оваа алатка опишува како треба да бидат направени и спроведени интервенциите со цел да бидат прифатливи за трансродните жени. За да се исполни ова, многу е важно да се има добра и постојана комуникација со нив. Оваа алатка дава посебно внимание на програмите водени од самите трансродни лица, само во услови каде што е можно тоа. Самата алатка е продукт на соработка помеѓу трансродните лица, адвокатите, давателите на услуги, истражувачите, владините претставници и невладините организации од целиот свет, како и агенциите на Обединетите нации и развојните партнери од Америка. 6. План за обезбедување на сеопфатна грижа за транс лицата и нивните заедници на Карибите и останатите Англофонски држави. Arlington (VA): John Snow, Inc.; 2014 План за обезбедување на сеопфатна грижа за транс лицата и транс заедниците во Азија и во Пацификот. Washington (DC): Futures Group, Health Policy Project; 2015. 15