My first Publication TRANSIT tool | Page 17

Вовед Забелешка за изразувањето ТРАНСРОДОВО ЛИЦЕ во оваа публикација се користи за да се опише лице чиј полов идентитет не се совпаѓа со полот со кој што е роден. Трансродноста е термин кој опишува широк спектар на измешано–полови однесувања и идентитети. Овој термин опишува широк спектар на измешано-родови однесувања и идентитети 7 . Не е дијагностички термин и не се однесува на медицинска или психолошка состојба. Овој термин треба да се избегнува како именка. Важно е да се разбере: не значи дека сите лица кои се наречени трансродни од страна на другите лица од околината, всушност се трансродни лица или дека тие самите го користат овој термин за да се опишат себеси. Во повеќе земји има и посебни термини кои опишуваат слични состојби на измешани-родови идентитети. При интеракција со трансродово лице, од голема важност е да се избегнат термини кои се навредувачки. Културно е секогаш прво да се праша лицето како се дефинира самиот себеси и да се почитува неговиот избор. ТРАНС: во оваа публикација кратенката „транс“ се користи со повеќе значења. Како и „трансродово лице“, така и „транс“ ги почитува сите форми на измешано-родови идентитети и изразувања. Како се користи оваа алатка? Оваа алатка е наменета за употреба од страна на јавно-здравствените работници и менаџери на ХИВ и СПИ програми, невладини организации, вклучувајќи заедници и граѓанско општествените организации, како и и здравствените работници. Може да им биде од интерес и на меѓународните агенции за финансирање, донесувачите на одлуки за здравството и адвокатите. Наменета е за покривање на спроведувањето на интервенциите преку целиот ХИВ континиум, вклучувајќи интервенции за превенција, дијагноза, третман и грижа. Секое поглавје експлицитно или имплицитно се однесува на една или повеќе од 2011 Препораките или 2014 Консолидираното упатство за клучните популации. Првите две поглавја го опишуваат пристапот и принципите за градење на програмите кои се водени од страна на трансродните лица. Овие пристапи водени од заедницата самите по себе се важни интервенции. Поглавјето 3 и 4 опишуваат пристапи за спроведување на препорачани интервенции за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа. Поглавјето 5 опишува како да се управува со програмите и градење на капацитетот на организацијата на трансродни лица. (види Фигура 1.). 7. Слични термини кои се среќаваат на неколку места во оваа публикација се родово-непотврдување, неодреден пол. Овие термини се однесуваат на луѓе чие надворешно изразување е обратно од социјалните очекувања и стереотипи поврзани со родот. Некои трансродни жени, исто како и останатите жени, се многу прилагодени кон разбивањето на овие стереотипови, додека трансродните мажи едноставно се вклопуваат кон другите мажи. Слично на тоа, луѓето кои се идентификуваат како родово-непотврдени и полово неодредени не значи дека ќе се идентификуваат и како трансродни. 16