Вовед
Вовед
Додека сите трансродни лица се изложени на потенцијален ризик
од ХИВ инфекција, транс жените се епидемиолошки носители на ХИВ
болеста. Трансродните жени се значително и нерамномерно погодени од
ХИВ вирусот на глобално ниво. Повремено, кога се собираат податоци за
трансродните жени, тие секогаш укажуваат на загрижувачки нивоа на ХИВ
заболени и носители. Во една мета-анализа во 2013 година направена во
15 држави, откриено е дека за 49% повеќе е веројатно дека во една од
овие држави трансродна жена живее со ХИВ отколку нејзините колеги,
машки или женски, кои не се трансродни лица. 1
И покрај документираните негативни здравствени и ХИВ (позитивни)
резултати, во повеќе региони податоците за трансродните жени не се
разликуваат од податоците за геј лицата или другите мажи кои имаат
сексуален однос со мажи. Ова е знак дека треба да се престане со ваквото
спојување на податоците. Распределбата на податоците за трансродните
лица ќе овозможи подобро разбирање на влијанието на здравството врз
трансродните лица општо, и на трансродните жени посебно.
За трансродните жени, одговорот на ХИВ на државно ниво
продолжува да биде сериозно попречен од искуствата со трансфобија 2 ,
дискриминација, насилство и криминализација кои имаат неколку
прилично штетни влијанија врз нивното психичко и ментално здравје и
го ограничуваат нивниот пристап до користење на виталните услуги. На
пример, трансродните лица можат да изберат дали да го сокријат својот
родов идентитет 3 , сексуалноста или сексуалното однесување од нивните
семејства, пријатели, комшии или здравствени работници. Трансфобијата,
стигмата и дискриминацијата се од централно значење за воведување на
услуги базирани на докази и права за ХИВ превенција, дијагноза, третман
и грижа. Во повеќе држави и региони овие проблеми се настанати поради
недостаток на вешти и транс-компетентни 4 здравствени работници, како и
јавни и приватни здравствени планови кои обично ги исклучуваат родово-
потврдувачките 5 услуги. Слабоста добиена поради стигма и недостатокот
на правна заштита додаваат уште еден слој на потешкотии и комплексност
на напорите за решавање и подобрување на здравствените резултати за
трансродните популации.
1. Baral S, Poteat T, Ströhmdahl S, Wirtz AL, Guadamuz TE, Beyrer C. Worldwide burden of HIV in transgender women: a systematic
review and metaanalysis. The Lancet. 2013;13(3):214–222.
2. ТРАНСФОБИЈА е предрасуда насочена кон трансродните лица поради нивниот изглед или полов идентитет. Таа може да
биде структурна, на пр. манифестирана во политиките, законите и социо-економските аранжмани кои што ги дискриминираат
транс лицата. Може да биде општествена, кога транс лицата се одбиени или малтретирани од другите луѓе.
3. РОДОВ ИДЕНТИТЕТ e самостојното човековото внатрешно чувство во врска со тоа дали се чувстува како маж, жена или
комбинација од двата рода. Родовиот идентитет на еден човек може, а и не мора да се совпаѓа со неговиот род од раѓање.
4. ТРАНС – КОМПЕТЕНТНОСТ се однесува на обезбедување на услуги, посебно здравствени, на трансродните лица, со
висок степен на професионалност кој се изразува со големо стручно познавање за половиот идентитет, човечките права и
за посебните ситуации и потреби на трансродовата индивидуа која ја услужува. Пружањето на услугите треба да биде со
почитување, без предрасуди или потсмевања, во услови на дестигматизација и декриминализација
5. ПОТВРДУВАЊЕ НА ПОЛОТ се однесува на медицинска процедура која им овозможува на трансродните лица да живеат
покомотно во своето тело
14