4 Пристапи за давање на услугите
Рамка 4.5
Пример на случај: Испорака на транс – фокусирана
ХИВ превенција и третман во Индија
Со регрутирање на трансродните луѓе во својот проект „Сенки и светлини“ како пиер
поддржувачи, Здружението за планирање на семејството на Индија било поспособно да ги
процени потребите на транс луѓето, со подобрување на пристапот до услугите за сексуално
здравје и ХИВ. На неколку локации, клиниките ангажирале здравствени работници кои биле
чувствителни на потребите на транс клиентите, обезбедиле хормонска грижа, информации
за родова транзиција, услуги за ласерско отстранување на влакната и упатувања за операции
за родово прифаќање. Користењето на овие дестигматизирачки услуги, кои транс лицата
ги идентификуваа како најзначајни за нив, довеле до зголемено користење на скрининг и
третман за СПИ (вклучувајќи хепатитис и сифилис) и тестирање на ХИВ, дијагноза, третман
и нега.
www.fpaindia.org
Рамка 4.6
Пример на случај: Бихејвиористички интервенции
преку едукација предводена од заедницата во САД
Програмата Здрави диви е бихејвиористичка интервенција за решавање на потребите за
нега на ХИВ на трансродните жени кои живеат со ХИВ во Сан Франциско. Програмата им
помага да изградат вештини за справување со трансфобијата и стигмата во врска со ХИВ, да
станат активни и да соработуваат во планирањето на третманот и проактивно да ги решаваат
предизвиците за придржување и во односите со давателите на услуги.
Здрави диви се состои од шест индивидуални советувачки сесии со олеснувач во заедницата и
една групна работилница, која се одвива во период од три месеци. Секоја поединечна сесија
е стандардизирана: олеснувачот користи детална рачна спецификација на содржината на
сесијата, процедурите, вежбите и активностите. Прирачникот му помага на олеснувачот да
ја прилагоди оваа содржина на уникатните околности на учесникот и да ги реши нивните
загрижености (како што се транзиција или употреба на супстанции). На сесиите, исто
така, се развива комуникацијата на поединецот, справувањето и само-застапувачките
вештини преку играње на улоги, проба за однесувањето или практични вежби. Темите на
работилницата се генерирани од учесниците и исто така се прилагодени за да се осврнат на
нивните грижи, притоа искористувајќи го поддржувачкиот групен процес во кој учесниците
можат да споделат искуства и бура на идеи.
Здрави диви програмата била адаптирана од програма која што веќе постои за лицата
што живеат со ХИВ од страна на членовите на советодавниот одбор за транс-заедница и
вработените на проектот, кој ја преработиле содржината за да ги одразат приоритетите
и вредностите на луѓето што треба да им служат. Интервенцијата била пилотирана со
членови на транс-заедницата, а нивните повратни информации за структурата и содржината
на интервенцијата биле вклучени во следната итерација. Учесниците во програмата се
регрутираат преку даватели на услуги, клиники, организации со седиште во заедницата,
усно, директни контакти и социјални мрежи. Програмата во моментов е финансирана од
владата, а учесниците добиваат монетарни стимулации за учество. Повратните информации
се собираат на крајот од секоја сесија и на крајот на целата интервенција за вклучување во
следната етапа.
156