4 Пристапи за давање на услугите
4.2.2 Пиер (врснички) навигатори
Со цел да се намали загубата во текот на континиумот за превенција,
дијагностика, третман и нега за ХИВ (види Глава 3, Фигура 3.1), обучените
пиер навигатори можат да бидат важни ментори и водичи за нивните врсници
да пристапат и да се придржат до некоја програма. Пиер навигаторите
се работници што работат во заедницата кои се запознати со постојните
локални третмани и грижа за луѓето кои се ХИВ позитивни. Тие можеби и
самите живеат со ХИВ и имаат искуство од прва рака за барање и пристап
до услуги. Врсничките навигатори ги упатуваат новите клиенти до ХИВ
програми за ХИВ-советување и тестирање од локациите во заедницата до
клиниките кои обезбедуваат дијагностички скрининг и услуги за лекување и
грижа за ХИВ. Ова е од клучно значење не само во контексти каде што сите
што ХИВ позитивни се обврзани да се регистрираат во државна клиника
или во болница за ART (повеќето места за третман се под власта), но исто
така и за поддршка на управување со случаите пошироко.
Врсничките навигатори можат да послужат како врски меѓу јавниот,
приватниот и секторот на заедницата. Тие треба да бидат свесни за
мобилните клиники и клиниките со флексибилни времиња или услуги во
доцните часови и со транс-компетентен персонал. Врсничките навигатори
можат да ги придружуваат или префрлат лицата до давателите на услуги,
изградувајќи системи на формални референции. Силната програма за
пиер навигација може да ги зајакне врските со дополнителни услуги, како
што се советување, психосоцијална и правна поддршка и да се осигура
дека клиентите се поддржани во континуитет на тестирањети, лекувањето
и негата.
Пиер навигаторите можат да имаат особено важна улога на местата
за испорака на услуги кои не се водени од заедницата. Тие можат да ги
поздрават поединците кога ќе пристигнат и да го објаснат процесот на
внесување на клиентот, вклучувајќи ги и пополнувањето на медицинските
и клиентските формулари на историјата итн. Онаму каде што стравот од
проценка, дискриминација и малтретирање е главна пречка за транс-
поединците при барање на услуги за ХИВ и СПИ, пиер навигаторите можат
да одговорат на прашањата кои сите анкциозни клиенти сакаат да ги знаат
во врска со услугите кои ги примаат. Во оваа улога, пиер навигаторите се
повеќе од „пријателско лице“ за поединци во здравствените клиники. Тие се
здравствени работници во заедницата кои се составен дел на персоналот
на клиниката. Пиер навигаторите се од суштинско значење за поврзување
на заедниците со клиниките.
Поради главната улога на пиер навигаторите во спроведувањето на
клучните програмски програми за населението, инвестицијата во нивниот
професионален развој е исто така инвестиција во пошироката мрежа на
трансродни лица кои учествуваат во испораката на услуги преку континиумот
за превенција, дијагноза, третман и нега на ХИВ. Кога врсничките навигатори
се институционално поддржани со континуирана обука, менторство во
кариерата и тековни можности за зголемување на нивниот досег, тие можат
да послужат како агенти кои ги поврзуваат децентрализираните модели за
испорака на ХИВ услуги. Тие, исто така, можат да бидат клучни водичи во
работењето, следењето и известувањето за стигмата и дискриминацијата,
како и да станат лидери и експерти за упатување, превенција, нега и
поддршка и писменост за третманот.
157