My first Publication TRANSIT tool | Page 156

4 Пристапи за давање на услугите Користење на транс-специфични здравствени услуги како влезна точка за ХИВ третман и превенција Заканата и големото искуство со стигмата, дискриминацијата, насилството и угнетувањето создаваат значителни пречки за транс луѓето да пристапат до здравствени услуги. Со цел да се направат услугите подостапни, транс-специфичните здравствени проблеми кои се надвор од ХИВ може да се користат како влезна точка. Овие услуги може да се понудат во здравствените установи или преку упатување до познати и доверливи институции. Како минимум, треба да се обезбедат информации и едукација за транс-специфични здравствени проблеми, како што се: • пристап до хормони и хормонска терапија; • следење на нивото на хормони и проценка на реакциите од интеракцијата на хормон – лек (види Поглавје 3, Секција 3.3.9); • родовиот идентитет и психосоцијалното советување и поддршка; • групи за поддршка фокусирани на транзиција и развој на мрежи за поддршка • отстранување на влакната; • хирургија за реконструкција на градите кај мажи и жени, хирургија за промена на полот и други оперативни зафати и процедури. Здравствените работници може да ги користат клиентските посети за некоја од горенаведените загрижености како можности за дискутирање на постоечките прашања кои можат да влијаат на нивната здравствена заштита и за транс-специфичните и за општите потреби. Многу од овие проблеми можеби не се директно поврзани со здравјето, но сепак влијаат на способноста на клиентот да бара и да се придржува до соодветна здравствена заштита. Овие загрижености најчесто вклучуваат: • вработување; • домување; • семејно и општествено прифаќање; • законско признавање на родот и документи за идентификација; • Заштита поврзана од ХИВ; • Услуги за СПИ; • сексуална и репродуктивна здравствена заштита; • процес на феминизација / маскулинизација • сексуална работа; • употреба на супстанции и зависност; • насилство (интимен партнер, домашено, институционалено, структурно и сл.). Здравствените работници треба да ги користат овие можности за лекување на клиентите и од други здравствени проблеми што можеби ги доживуваат или да ги упатат на други покомпетентни здравствени работници ако е потребно. 155