4 Пристапи за давање на услугите
услугата подостапна. Тоа им овозможува на поединците да се грижат за
нивните различни здравствени потреби во исто време и на истата локација.
Интеграцијата на услугите вклучува не само обезбедување на сродни услуги
во еден амбиент.
Соработката помеѓу програмите на секое ниво на здравствениот систем
е важна за успехот на ХИВ и други сродни здравствени и социјални
услуги. Аспектите на координација кои треба да се разгледаат вклучуваат
мобилизирање и распределување на ресурсите, обука, менторство и
надзор на здравствените работници, набавка и управување со лекови и
други медицински материјали, како и мониторинг и евалуација. Клучна цел
за планирање на програмата е да се создадат системи за испорака кои
најдобро го олеснуваат пристапот.
Рамка 4.4
Интегрирање на клиничките услуги во САД
Семејната програма за Трансродни лица во клиниките на Здравствената мрежа на заедницата
во Њујорк била формирана во 2004 година со цел да се подобри пристапот до превенција
на ХИВ и врските со примарната здравствена нега. За да се разбере како најдобро да се
интегрираат сеопфатните транс-услуги во здравствената клиника во заедницата, мрежата
презема мапирање на заедницата, консултации и форуми и учење од слични програми.
Програмата бара од клиентите да формираат Клиентски советодавен одбор за да помогнат
во интеграцијата и имплементацијата на услугите за транс-заедницата. Интегрираните услуги
вклучуваат транзитна нега, услуги за тестирање на ХИВ (HTS), медицинско управување со
случаите, поддршка за придржување кон третманот, скрининг и третман на СПИ, превентивни
интервенции и психосоцијални и нутритивни услуги. Покрај тоа, програмата обезбедува
советување за намалување на ризиците, групи за поддршка, теренски, двојазични едукативни
работилници и упати за правни и социјални услуги. Над 750 лица добиле транс-специфични
услуги. Идентификуваните придобивки од интегрираните услугиза трансродните лица
вклучуваат:
• поголема чувствителност и долгорочно прифаќање на оваа популација во пошироката
заедница;
• подобрена пристапност преку погодно место за примање на услугите; Обезбедувањето
на трансродна грижа повеќе не е луксуз туку интегрален дел од примарната здравствена
нега во мрежите на 12 центри;
• флексибилни часови како резултат на поголем капацитет;
• Зголемен пристап до голем број на услуги за поддршка во домот.
Освен тоа, деталната евалуација покажала значително намалување на сексуалната работа,
делење на шприцови и нерегулирани инекциски хормони и зголемената веројатност за
редовна употреба на кондоми.
www.chnnyc.org/services/transgender-lgbt
Поголемиот дел од програмите кои обезбедуваат здравствени услуги за
транс луѓето се фокусираат на ХИВ и на други СПИ. Како и да е, транс луѓето
треба да ги добијат истите висококвалитетни здравствени услуги како
што ги довиваат и останатите „нормални“ лица за сите нивни здравствени
потреби. Програмите треба да работат за да обезбедат целосен опсег на
здравствени и социјални услуги. Важно е дека стратегиите за управување
со случаи ги поврзуваат клиентите со клиниките за здравство и тестирањето
за ХИВ, како и со други програми за правно застапување и социјална
поддршка. Психосоцијалните услуги треба идеално да бидат достапни за
да обезбедат индивидуални, групни и семејни сесии за трансродните лица
кои имаат психосоцијални потреби.
154