4 Пристапи за давање на услугите
Организациите на трансродни лица се суштински партнери во
обезбедувањето сеопфатна обука за човековата сексуалност и родовото
изразување. Тие, исто така, можат да ја олеснат интеракцијата со
припадниците на заедниците со различни родови идентитети и изрази, со
што се развива поголемо разбирање за нивното емоционално здравје и
социјалните потреби. Онаму каде што не постојат формални трансродни
организации, информациите за сексуалното здравје и каде да се добијат
услуги за клиничка и социјална поддршка може да се дисеминираат преку
неформални пиер мрежи. Покрај обуката, центрите за здравствени услуги
имаат потреба од политики и практики за спречување на дискриминацијата.
Следењето и помошниот надзор треба да ја надополнат обуката со цел
рано да ги детектираат предизвиците, да обезбедат поддршка на лице
место и да работат на решавање на заедничките проблеми. Здравствените
работници имаат професионална обврска да се грижат и да ги третираат
луѓето непристрасно, правично и етички.
Рамка 4.3
Пример на случај – Пристапи за тренинзи на здравствените
работници на Карибите
Проектот за здравствена политика финансиран од УСАИД има развиено прирачник за обука
на здравствените работници, обучени во Доминиканската Република, Јамајка и Барбадос,
за да го зајакнат нивниот капацитет за обезбедување на висококвалитетни здравствени
услуги за трансродните лица.
Прирачникот, Трансформирачка нега: алатки за разбирање и задоволување на здравствените
потреби на трансродните лица во Латинска Америка и Карибите, содржи шест полудневни
сесии на следните теми:
• Родов идентитет и сексуална разноликост
• Трансфобија и стигма
• Здравствени потреби
• Транс лица и ХИВ
• Подлабоки разбирања за животот на трансродните лица
• Планирање патот понатаму
Прирачникот е развиен како одговор на недостатокот на обука за давателите на здравствени
услуги за трансродните лица на Карибите. Давателите на услуги работат во средини каде
што постојат високи нивоа на стигма и дискриминација против транс лица, што создава
значителни пречки во нивниот пристап до здравствените услуги. Обуката обезбедува
алатки за спроведување во сопствени услови за подобрување на знаењето и намалување
на стигмата и дискриминацијата. Во трите земји каде што бил тестиран овој тренинг, тој
бил добро прифатен и добил признание за пополнување на значаен јаз за подобрување на
квалитетот на здравствената заштита за транс лицата.
151