My first Publication TRANSIT tool | Page 153

4 Пристапи за давање на услугите Користење соодветен јазик Исто како што сликите можат да имаат силно влијание во создавањето на средини кои се добредојдени и прифатливи за трансродните лица, јазикот што се користи во клиничките средини е исто толку моќен. Од клучно значење е да се осигура дека сите формулари за внесување на податоците на клиентот, клиничките документи и литература за здравствени информации вклучуваат родово-неутрален или родово-инклузивен јазик каде што е соодветно. На пример, во формите за внесување на клиенти кои бараат поединците да го искажат својот род и пол, мора да постојат одделни прашања за „пол на раѓање“ и „род“. Исто така, важно е да се побара од поединците да го наведат својот префериран род, односно род кои сами го бираат, како и тоа сите вработени во клиниката и здравствените работници од заедницата да бидат обучени и да им се обраќаат на трансродните лица така, според нивниот избран род. Во здравствените установи каде што се чуваат електронските здравствени досиеа, информациите што може да се евидентираат не треба да се ограничуваат на начин што ќе ги спречи клиентите да добијат точни и компетентни здравствени услуги. Доколку електронската медицинска евиденција ја документира анатомската градба, резултатите од испитувањата и препораките според родот доделен при раѓање, тоа ја ограничува способноста точно и ефикасно да обезбедат и документираат грижа. На пример, лице кое е родено како маж при раѓање, зема естроген, има хирургија за зголемување на градите, нема легално име, но имал промена на полот за негoвиот надворешен изглед да се совпадне со тоа како се чувствува, сепак ќе биде регистриран во електронскиот здравствен записник како маж. Оваа регистрирање не дозволува здравствените работници директно да се му се обратат на поединецот со користење на неговото преферирано име и пол или да обезбедат соодветна медицинска грижа за неговата моментална анатомија. Како пример, погледнете Фигура 4.1. Обезбедување сигурност и доверба за клиентот Трансродните луѓе имаат помала веројатност да пристапат до здравствени услуги, ако не можат да го прават тоа безбедно. Важно е да се осигура дека во секоја точка на обезбедувањето здравствени услуги, транс луѓето се чувствуваат безбедно и дека нивните информации се чуваат во тајност. Сите вработени (административни, здравствени работници во заедницата, медицински сестри, лекари, лабораториси техничари и менаџери) треба да бидат обучени, следени и оценувани за нивната усогласеност со процедурите и законите за безбедност и доверливост. Доколку здравствената евиденција не може да се обезбеди доволно за да се осигурa дека информациите на клиентот се доверливи, здравствените работници може да размислат да развијат специјални кодови (на пример, единствени кодови за идентификација) за да ги документираат информациите соодветно. (Погледнете ги поглавјата 2 и 5 за правни и програмски методи за управување со решавање на прашањата поврзани со безбедноста и доверливоста) Ако е можно, треба да се воспостави систем за анонимно пријавување на проблемите. Треба да се направат напори за да се осигура дека трансродните лица не се злоупотребувани или малтретирани од страна на полицијата, персоналот за обезбедување или други лица кога 152