4 Пристапи за давање на услугите
Рамка 4.2
Листа за транс – компетентна грижа
Транс-компетентна грижа значи обезбедување услуги, особено здравствени услуги, за
трансродните лица на технички компетентен начин и со висок степен на професионалност
кој го одразува знаењето на пружачот на услуги поврзани со родовиот идентитет, човековите
права и конкретната ситуација и потребите на трансродните лица. Покрај тоа, транс-
компетентната грижа се пружа на почитуван, неосудувачки и сочувствителен начин, во
услови без стигма и дискриминација.
Дополнителни аспекти за транс-компетента грижа вклучуваат:
• Бесплатни или прифатливи услуги – клинички, советувачки, работнилници
• И фиксирани и мобилни/теренски услуги
• Флексибилни часови на отворање, на пр. вклучувајќи ги вечерите и викендите
• Без закажување/кратко време на чекање, со соодветни вработени кои ќе обезбедат брзо
пружање на услугите
• Брендирање на услугите, постери, брошури и фотографии, како и други визуелни елемнти
кои се признаени и релевантни за животот на трансродните лица
• „Поглавје на услуги“ за киентите, јасно објаснето
Доверливи услуги:
- Приватни советувања и простори за клинички испитувања
- Млади трансродни клиенти се добредојдени без потреба од присуство на родител
- Безбедност на податоците
• Изборот на пружатели на услуги вклучува:
- Трансродни, машки и женски вработени за трансродно – сензитирана нега
- Клинички работници, советувачи, здравствени едукатори, социјални работници, теренски
работници
• Трансродна пиер навигација за да им помогнат на клиентите да добијат пристап,
разбирање и навигација на услугите (види Секција 4.2.2)
• Релаксирани консултации, со доволно време да се објаснат сите проблеми
Волонтерни процедури јасно објаснети за информирање во врска со донесувањето на
одлуки од страна на клиентите:
- Упати за понатамошна специјалистичка грижа
- Листа на транс – компетенти ресури достапни во одредена област
• Обезбедување на информации, едукација и комуникациски материјали, на пр. брошури,
постери, ДВД, презентации на различни теми и др.
• Обезбедување на кондоми и лубриканти преку пружатели на услуги и преку диспензери,
вклучувајќи теренска работа во доцните часови
6. ТЕРЕНСКИ РАБОТНИК во оваа публикација се однесува на трансродово лице кое се залага за
останатите трансродни лица и кој не е вработен со полно време на некоја интервенција за ХИВ
превенција. Теренските работници можат да бидат наречени и со други имиња, како „врснички
едукатори“. Сепак, термините „врснички“ или „заедница“ не треба да се сфатат како деградирачки
термини и да укажат на тоа дека тие се помалку квалификувани или способни отколку вработените
теренски работници.
150