4 Пристапи за давање на услугите
4.2.1 Создавање соодветна околина за клинички услуги
Обуки за клинички и поддржувачки персонал
Со цел да се намали веројатноста дека транс луѓето ќе добијат нега под
стандардите, здравствените работници и другиот персонал на установите
кои обезбедуваат здравствена заштита мора да бидат обучени и
сензибилизирани во врска со транс лицата и нивните здравствени потреби.
Здравствените работници често известуваат дека другиот персонал ќе ги
стигматизира и нив ако покажат сочувство кон трансродните клиенти и
клиентите кои се сексуално малцинство. Поради оваа причина, обуката на
персоналот од сите нивоа - од чекалната до просторите за испитувања -
ги охрабрува да ги гледаат и да се однесуваат кон сите клиенти со почит.
Ова е познато како транс-културна компетенција (Рамка 4.1). Соодветната
обука ќе ја намали стигмата и дискриминацијата и ќе го зголеми знаењето
за транс здравјето во секој момент по континумот на ХИВ.
Рамка 4.1
Обезбедување на транс–културна компетенција
Транс-културната компетентност е збир на вештини кои им овозможуваат на трансродните и
лицата кои не се трансродни ефикасно да работат заедно. Транс културната компетентност
во голема мера е дефинирана како способност за комуницирање и покажување на почит
и разбирање за транс луѓето како уникатни поединци, во нивна смисла на зборот, според
нивниот избран родов идентитет 4 , преферирано родово обраќање и само – идентификувана
сексуална ориентација. Покрај основната етикета, ова вклучува разбирање дека транс
луѓето, како и сите луѓе, се идентификуваат според нивниот род и сексуална ориентација
и не се во согласност со универзалниот стандард на физичка транзиција 5 , психолошки
особини или преживеани искуства.
Организациите можат да се посветат на транс-културната компетентност преку обезбедување
задолжителни обуки за сите вработени, вклучувајќи ги и трансродните лицата од персоналот.
Идеалното сценарио за обуки за транскултурна компетентност е да се создаде систем кој ќе
обезбеди сите вработени да ги добијат истите информации на тековен и редовен начин. Од
клучно значење е да се вклучи целиот персонал на теренски работници 6 за административна
поддршка во ваквите обуки. Ова осигурува дека секој член на персоналот кого трансроден
клиент или учесникот на програмата ќе го сретне од моментот кога ќе отиде во клиника или
на место за испорака на услуги, е опремен со знаење и разбирање за да ги реши проблемите
со почит и да гарантира дека тие добиваат највисок квалитет на грижа и внимание.
ЛГБТИ сега е општ термин кој ги комбинира лезбејките, бисексуалците, геј, транс и
интерсексуалните луѓе во една категорија. Сепак, често се применува во програми кои
всушност служат само на една или на неколку од овие популации. Кога организациите на
заедницата и давателите на услуги ја применуваат етикетата ЛГБТИ, тоа треба да биде
вистинита индикација што значи дека нивните програми и услуги навистина се достапни
за сите. Бидејќи трансродните луѓе се широко исклучени од просторите за лезбејки, геј,
бисексуалци и интерсексуалци, ЛГБТИ треба да се применува само кога транс луѓето активно
се ангажираат како програмски лидери, учесници и корисници.
4. РОДОВ ИДЕНТИТЕТ e самостојното човековото внатрешно чувство во врска со тоа дали се чувстува
како маж, жена или комбинација од двата рода. Родовиот идентитет на еден човек може, а и не мора
да се совпаѓа со неговиот род од раѓање
5. ТРАНЗИЦИЈА се однесува на процес низ кој минуваат трансродните лица за да можат да живеат
во согласност со нивниот полов идентитет. Ова вклучува промени во надворешниот изглед,
облекувањето, манирите или името кое го користат во секојдневната комуникација. Овие видови на
транзиција, некогаш се наречени „социјални транзиции“. Транзицијата може да вклучи медицински
чекори за промена на полот. Овие чекори некогаш се наречени „медицинска транзиција“ и може да
вклучи феминизирачка или маскулинизирачка хормонска терапија, поплнување на мекото-ткиво или
пластични операции. Сепак, транзицијата не се дефинира според тоа дали се превземени некакви
медицински чекори или не.
149