3 Услуги
Трансродните лица, особено оние што живеат во сиромаштија, најчесто
доживуваат вербална, физичка или емоционална траума. Секој кој укажува
на трауматично искуство - било преку физичко насилство, сексуално
насилство или психолошко малтретирање - треба да се прегледа и процени
за посттрауматско стресно нарушување, како и други нарушувања на
анксиозноста. Ова може да е точно во зависност од тоа дали траумата се
случила неодамна или во минатото. Алатката за преглед подолу, може да
направи евалуација за трансродните лица, било да е тоа како дел од
стандардните формулари за внес или како дискусија со работникот за
здравствена заштита. За само неколку минути, давателот на здравствена
заштита ќе има дополнителни информации за да утврди дали на едно лице
му е потребна понатамошна евалуација или ресурси од транс-надлежните
оператори.
Рамка 3.17
Прегледот за примарна грижа на
пост – трауматско стресно пореметување
Ако клиентот одговори „ДА“ на било која од трите понудени опции, треба дополнително да
пристапи коn ПТСП или PTSD (Post traumatic Stress Disorder).
Дали сте имале искуство со нешто што било премногу застрашувачко, стресно,
вознемирувачко, што во последниот месец предизвикало вие да:
1. имате кошмари во врска со тоа или често да мислите на тоа, дури и тогаш кога не
сакате?
2. не сакате упорно да мислите на тоа, или барате начини и ситуации да ви го оттргнат
вниманието од тоа?
3. бидете константно претпазливи и многу лесно плашливи?
4. се чувствувате глупаво или исклучени од другите луѓе и ситуации?
Депресија и анксиозност
Депресијата и анкциозноста се многу распространети помеѓу транс
популациите, а честопати создаваат интензивни психолошки и емоционални
страдања. Депресијата е поврзана со послаби здравствени резултати,
намалена приврзаност кон АRТ, лошо негување, употреба на супстанции и
зголемен ризик од сексуален однос. Многу е важно оние кои се грижат за
лицата со посебни потреби или во заедницата, да ги следат симптомите за
ментално здравје, да обезбедат грижа и советување и да ги упатуваат на
понатамошна помош или третман каде што се идентификуваат симптомите.
Во рамката 3.18 се наведени алатки кои можат да се користат за брзо
откривање на депресијата и анксиозноста кај трансродните лица за време
на редовните здравствени контроли.
133