3 Услуги
Рамка 3.18
Алатка за скрининг на депресија и анкциозност
Алатката за примарна грижа за депресија е направена за да им помогне на давателите на
примарна грижа за:
· Препознавање и дијагнозирање на депресија;
· Едуцирање на клиентите во врска со депресијата, третман и нега;
· Избор на соодветен пристап за третирање на депресијата;
· Мониторинг на усогласеноста и модифицирање по потреба за да се подобрат
симптомите и функциите.
Алатката е достапна на: http://www.integration.samhsa.gov/clinical-practice/macarthur_
depression_toolkit.pdf
Прашалникот за здравјето на пациентите (PHQ-9) e краткотраен пристап за депресија и е
достапен на: http://www.integration.samhsa.gov/images/res/PHQ%20-%20Questions.pdf
Генерални анкциозни пореметувања (GAD-7) e алатка од 7 генерални прашања за скрининг
која идентификува дали е овозможен целосен пристап за анкциозност. Достапен е на:
http://www.integration.samhsa.gov/clinical-practice/GAD708.19.08Cartwright.pdf
Малцински стрес
Теоријата за малцински стрес сугерира дека повисоките стапки на ментални
нарушувања се резултат на непријателски и стресни социјални средини
кои може да се инфилтрираат со трансфобија. Во прилог на општите
стресови кои ги доживуваат сите, се јавува малцински стрес и е зајакнат
институционално, структурно и социјално. Овој стрес може да придонесе
за зголемување на ризикот од ХИВ и повисока преваленца на депресија,
анксиозност, ниска-самопочит, самоповредување, самоубиствени мисли и
обиди за самоубиство.
134