3 Услуги
Рамка 3.15
Пример на случај: Пристапи за да се преброди стигмата и
да се подигне свеста во врска со менталното здравје
на трансродните лица во Австралија
Австралиската националната здравствена алијанса за здравјето на ЛГБТИ заедницата
- MindOUT! Проектот за Ментално здравје и Превенција од самоубиство ги олеснува
активностите за да го направи ментално – здравствениот сектор по достапен, вклучувајќи
можност за онлајн професионален развој. Ова вклучува теми кои се фокусираат посебно на
разбирањето и работата на терапевтите со транс и родово неодредените луѓе и потребите на
младите луѓе кои бараат поддршка додека се во процес на родова рамнотежа или транзиција.
Покрај тоа, MindOUT! интензивно работи со организации во секторот за превенција на
менталното здравје и спречување на самоубиство за да се зголемат вклучувачките и
пристапни практики кои ја поддржуваат психосоцијалната благосостојба на ЛГБТИ луѓето
и да се елиминира стигмата поврзана со полот, сексуалноста и интерсексуалната варијанса
што влијае на нивната способност за пристап до менталното здравствени услуги.
www.lgbtihealth.org.au/mindout
Австралиската организација beyondblue промовира добро ментално здравје, се соочува
со стигмата и дискриминацијата, и обезбедува поддршка и информации за анксиозност,
депресија и самоубиство. За да се подигне свеста за стигмата насочена против ЛГБТИ лицата
и влијанието што го има врз нивното ментално здравје, организацијата започна кампања
СТОП. РАЗМИСЛИ. ПОЧИТУВАЈ преку веб-базирани видеа и постери, правејќи аналогија
помеѓу злоупотребените и стигматизираните ЛГБТИ лица и поранешната стигматизација на
леваците.
Рамка 3.16
Пример на случај: Соработка за зголемување на пристапот
до психолошка грижа за трансродните лиа во Јужна Африка
Феминистичкиот колектив за социјална помош, здравје и зајакнување на трансродните
жени во Африка (S.H.E) е основан во 2010 година за членовите на колективот да се залагаат
за правата на африканските транс жени и е централна точка за локално (провинциско)
програмирање за здравјето на трансродните лица, вклучително и ХИВ. Организацијата
аплицирала за упатување на своите клиенти не некое психолошко одделение во болницата
Сесилија Макиване за услуги за психолошка поддршка и помош, но шефот на одделението
ги одбил S.H.E, бидејќи нивните барања се протегала надвор од капацитетот на пошироката
јавност. По постојани иницијативи за застапување со Јужноафриканската комисија за
родова еднаквост, правниот службеник на комисијата контактирал со Одделот за здравство
во Источниот дел на Кејп, кој го потврди прашањето за пристапот на транс клиентите до
здравствени услуги. Од 2014 S.H.E. можеле да ги упатат клиентите во одделот за психологија.
Колективот има развиено добри работни односи со комисијата и одделот за психологија и
обучува психолози и социјални работници во одделението за тоа како да создадат безбедни
простори за транс лица. Започнале и разговори за подготовка на меморандум за разбирање
помеѓу S.H.E. и одделот за психологија. S.H.E. во моментов развива здравствен протокол за
транс лица во Источнем Кејп и бара од психолошкото одделение да даде информации за
делот за ментално здравје на протоколот.
www.transfeminists.org
132