My first Publication TRANSIT tool | Page 127

3 Услуги 3.3.9 ХИВ и хормонска терапија Квалитативните податоци укажуваат на тоа дека хормонската терапија е од поголема важност за трансродните лица, отколку ХИВ третманот и грижата 17 . ХИВ инфекцијата и ART не се контрадикторни за користењето на хормонска терапија. Всушност, интегрирањето на хормонската терапија во ХИВ-услуги може да го оптимизира придржувањето кон антиретровирусната терапија и затоа може да биде корисно двете да бидат интегрирани. Вирусното оптоварување треба внимателно да се следи за потенцијалните интеракции со лекови, особено кога други лекови се додаваат, модифицираат или прекинуваат. Неможноста да се пристапи до хормонска терапија најчесто предизвикува трансродните лица да почнат да бараат хормони од несигурни избори и самите да почнат да ги користат, без претходно лекарско советување (види Секција 3.3.4). Додека следењето на интеракциите со лекови е важно, исто така е критично да се осигура дека сите здравствени проблеми се приоритетни според здравствените потреби на клиентот. Антиретровирусните лекови можат да бидат во интеракција со хормоните пронајдени во орални контрацептивни средства (особено етинил естрадиол), кои транс жените често ги користат за феминизација, особено кога побезбедни формулации на естроген (17-β естрадиол) се недостапни или поскапи. Овие интеракции имаат потенцијал да ја сменат безбедноста и ефективноста на било кој лек. Особено, кога етинил естрадиол се користи во комбинација со ARV лекови може да има зголемен ризик од згрутчување на крвта. Меѓутоа, сегашните упатства за контрацепција на СЗО заклучуваат дека нема толку значајни интеракции помеѓу хормонските контрацептиви и препорачаните ART или PrEP за да се спречи нивната употреба заедно. Повеќето интеракции помеѓу оралните контрацептиви и ARV лекови ги намалуваат нивоата на естрадиол во крвта, но не и на ARV . Започнувањето, запирањето или менувањето на режимот на ART може да доведе до хормонски флуктуации кај транс-жените кои земаат лекови за родово потврдување. Затоа, се препорачува внимателно следење. Постојат ограничени податоци за интеракциите меѓу ARV и другите лекови кои транс жените ги користат при феминизација со хормонската терапија, особено анти-андрогените (на пример, ципротерон ацетат или флутамид). Истото важи и за андрогените (на пример, дихидротестостерон) кои најчесто се користат од транс мажите. Во моментов, нема документирани интеракции со лекови помеѓу овие лекови и ARV . Сепак, потребни се повеќе истражувања. Самолекувањето со производи и дози кои не се препорачуваат е честа појава, а давателите на здравствени услуги треба да бидат свесни за таквото самолекување, да ги алармираат клиентите на можните ризици и да ги следат потенцијалните несакани ефекти. 17. Schneiders M. Values and preferences of transgender people: a qualitative study. Geneva: World Health Organization; 2014 (an annex to the 2014 WHO Key Populations Consolidated Guidelines). http://apps. who.int/iris/bitstream/10665/128119/1/WHO_HIV_2014.21_eng.pdf?ua=1. 126