My first Publication TRANSIT tool | Page 128

3 Услуги 3.3.10 Превенција и управување со ко инфекции и ко– морбидитети Вирусен хепатитис 2014 Консолидирано упатство за клучните популации Луѓето од клучните популации треба да имаат ист пристап до HBV и HCV превенција, вакцинација, преглед и услуги за третман, како и останатите популации кои се изложени на ризик или живеат со ХИВ. Стратегиите за Хепатитис Б имунизација треба да бидат сместени таму каде што имунизацијата на новороденчињата се уште не достигнала потполна покриеност. Кога се лекува вирусен хепатитис кај трансродните луѓе кои земаат хормони за родово потврдување, важно е да се евидентираат интеракциите помеѓу хормонската терапија и хепатитните лекови. Поради побрзата прогресија на заболувањата на црниот дроб поради хепатитис кај лица инфицирани со ХИВ, третманот за хепатитис и ХИВ треба да биде приоритет кај луѓето кои се ко-инфицирани. СЗО објавила Упатсво за превенција, грижа и третман на лица со хронична хепатитис Б инфекција (2015), Упатства за скрининг, нега и третман на лица со хепатитис Ц инфекција (2014) и Упатство за превенција на вирусен хепатитис Б и Ц меѓу Луѓе кои вбризгуваат дрога (2012) Хепатитис Б вирусот (HBV) се пренесува преку контакт со крв или други телесни течности на заразеното лице. Сексуалниот контакт и употребата на дрога со вбризгување исто така може да го пренесат вирусот. Ризичните сексуални односи и сексуалната работа се поврзани со HBV инфекцијата во различни региони во светот. За среќа, достапна е евтина, безбедна и ефикасна вакцина против HBV. Ново дијагностицираните луѓе со ХИВ треба да бидат прегледани за HBV и ако не се имуни треба да ја исполнат целосната процедува за HBV вакцинација. За луѓе кои се ко-инфицирани со HBV и ХИВ и кои имаат тешки хронични болести на црниот дроб, ART треба да се понуди со режим на тенофовир (TDF) и ламивудин ( 3 TC) или емтрицитабин (FTC). Во 2015 година, Упатствата на СЗО за HBV препорачуваат тенофовир или други HBV активни антивируси со висока бариера за отпорност кај оние лица со цироза или високи вирусни оптоварувања. Ново дијагностицираните лица со ХИВ треба да бидат посебно прегледани за HCV (Хепатитис Ц вирус). За оние кои се ко-инфицирани со ХИВ и HCV , приоритизацијата на третманот треба да се оцени врз основа на најновите совети на СЗО за ARV и HCV . Треба да се посвети посебно внимание на типот на антиретровирусниот третман за ХИВ за да се обезбеди компатибилност со HCV aнтивирусниот третман. Инфекцијата HAV најчесто се јавува кога едно лице јаде или пие контаминирана храна или вода. Сепак, HAV исто така се наоѓа во фекалиите на некој заразен со вирусот и може да биде сексуално пренослив преку активности како орален анален секс (rimming). HAV инфекцијата, за разлика од HBV и HCV, не предизвикува хронично заболување на црниот дроб и ретко е фатална, но може да предизвика симптоми na изнемоштеност и 127