My first Publication TRANSIT tool | Page 126

3 Услуги 3.3.8 ХИВ третман и грижа 2015 Упатство за ART и PrEP Антиретровирусната терапија треба да се иницира кај сите возрасни лица со ХИВ, без оглед на клиничката фаза на СЗО и кај секој број на CD4 клетки. Како приоритет, ARTтреба да се иницира кај сите возрасни лица со тешка или напредна ХИВ клиничка болест (клиничка фаза на СЗО 3 или 4) и кај возрасните со број на CD4 ≤350 клетки / мм3 Антиретровирусна терапија (ART) е главната компонента во препорачаниот пакет на услуги за превенција, дијагностика, третман и нега на ХИВ. Раната и ефективна ART има огромен потенцијал за спречување на пренесувањето на ХИВ инфекциите преку намалување на вирусното оптоварување на поединецот и влијание врз оптовареноста на вирусот на заедницата. За луѓето кои живеат со ХИВ, постои директна поврзаност помеѓу инклузивната и поддржувачката околина и подобро придржување кон ART, а подоцна и помало вирусно оптоварување (види Секција 3.3.10). Родовиот идентитет, полот назначен при раѓање и сексуалната ориентација немаат никакво влијание врз ефикасноста на антиретровирусната терапија. Треба да се обезбеди и да се администрира за трансродните лица, како што е за сите други лица. (Види: Консолидирани упатства на СЗО за употреба на антиретровирусните лекови за лекување и спречување на ХИВ инфекција, 2015). Обуката за даватели на антиретровирусна терапија треба да ги следи современите, национални и меѓународни стандарди. За општите упатства за обука на персоналот за обезбедување ART за транс луѓето и како да се прилагоди доставувањето на ART услугите за станат подостапни и прифатливи за транс луѓето, види Рамка 3.2. Упатствата на СЗО редовно се ажурираат за да ги одразуваат промените во критериумите за квалификуваност, претпочитаните режими на ART и пристапите за мониторинг, како и давателите на услуги да сее охрабруваат редовно да ја проверуваат веб-страницата на СЗО. Специфични размислувања во врска со трансродните клиенти и ART Како и многу други луѓе, трансродните луѓе можат да имаат страв и загриженост во врска со ART, особено дали лековите можат да се мешаат со хормонска терапија. Познавањето на тековното разбирање на ART за заедницата е императив за решавање на грижите, стравовите или заблудите со точните и соодветните информации. Советувањето треба да вклучи решавање на прашањето зошто е корисно да се започне со ART терапија пред лицето да почне да има потешкотии или да има појава на симптоми. Улогата на придржувањето во врска со одржувањето на потиснатото вирусно оптоварување како поддршка за добро здравје, спречување на неуспехот во третманот и намалување на ризикот од пренесување на ХИВ, треба целосно да се дискутира. Ова не треба да се случува исклучиво по дијагностицирање на ХИВ, туку редовно во текот на третманот и грижата на едно трансродно лице. Загриженоста за хормонската терапија во однос на ART исто така треба да се реши директно (види Секција 3.3.9). 125