My first Publication TRANSIT tool | Page 125

3 Услуги Давателите на НТЅ услуги имаат клучна улога во обезбедување на поврзаност со грижата за луѓето дијагностицирани со ХИВ инфекција. Брзото поврзување со третманот и грижата за ХИВ е идеално и треба да продолжи да се охрабрува. Сепак, многу луѓе не се поврзуваат со лекување и нега. Често, на луѓето им треба време да ја прифатат дијагнозата и да бараат поддршка од партнерите и семејствата пред да се поврзат со услугите за грижа. Систематските прегледи и неколку студии ги опишуваат практиките, наведени во рамката 3.13, што може да ја подобрат поврзаноста со третманот и грижата за луѓето кои добиле дијагноза на ХИВ. Рамка 3.13 Пример на случај: Добри практики за поврзување на ХИВ позитивните клиенти со соодветен третман и грижа • Интегрирани услуги, каде што ХИВ тестирањето, ХИВ превенцијата, дијагностиката, третманот и грижата, прегледите за туберкулоза и СПИ и другите релевантни услуги се обезбедуваат заедно во еден простор или место; • Обезбедување на CD4 тестирање на лице место со резултати во истиот ден; • Обезбедување на помош со превозот, како што се ваучери за превоз, ако местото за примање антиретровирусна терапија е далеку од локацијата НТЅ; • Децентрализирана поставеност на антиретровирусната терапија и дистрибуција на ARTво заедницата; • Поддршка и вклучување на обучени лекари кои се членови на транс-заедницата и делуваат како врснички навигатори ( Видете Поглавје 4, Секција 4.2.2) за да обезбедат поддршка и да ги идентификуваат и опфатат луѓето кои ја изгубиле можноста за следење; • Сеопфатно домашно тестирање за ХИВ, кое вклучува и домашна проценка и започнување на ART. Ова исто така се нарекува само-тестирање; • Интензивирано советување по тестирањето од страна на здравствените работници во заедницата; • Користење на комуникациски технологии, како што се мобилни телефони и текстуални пораки, кои можат да помогнат во откривање, придржување и задржување, особено за адолесцентите и младитете трансродни лица; • Обезбедување краткотрајно зајакнување за управување со случаите, кои: - го нагласуваат самоопределувањето и предностите на луѓето; - се предводени од клиентот и се фокусираат на идните резултати; - им помагааат на клиентите да поставуваат и постигнуваат цели, воспоставуваат добри работни односи меѓу клиентот, здравствениот работник и другите извори на поддршка во заедницата; - обезбедуваат услуги надвор од канцелариските поставки. 124 • Промовирање на партнерското тестирање може да ги зголеми стапките на тестирање за ХИВ и потоа поврзување со нега; • Известување за партнерот од страна на давателот, со дозвола, е изводливо во некои поставки; Идентификува повеќе ХИВ позитивни луѓе и го промовира нивното рано упатување во здравствените установи за третман и грижа.